Petkovska, Sofija and Janeva, Milkica and Maksimova, Viktorija and Gulaboski, Rubin (2018) Нова волтаметриска метода за определување на Michaelis-Menten кинетичката константа на ензимско-супстратните реакции во протеин-филм волтаметрија. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Kniga so apstrakti_finalna verzija_SKOM.pdf Download (2MB) | Preview |
Preview |
Text
1-Poster-Enzymes-voltammetry-2018 sreden.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Протеин-филм волтаметријата е едноставна алатка во т.н. механистичка ензимологија. Покрај тоа, оваа техника овозможува и развивање на едноставни методи за определување на термодинамички и кинетички параметри поврзани со редокс хемијата на голем брон ензими. Во протеин-филм волтаметријата мала микромоларна маса на ензим се нанесува на површината од работната електрода, при што молекулите од ензимот формираат мономолекуларен филм. Со нанесување на соодветен потенцијал и во присуство на даден супстрат, можно е да се студираат голем брон на ензимско-супстратни реакции со примена на волтаметриски техники. Во овој труд, претставен е едноставен и временски независен концепт за определување на кинетиката на ензимско-супстратните реакции во услови на циклична волтаметрија. Теоретските резултати за т.н. „површинско електрохемиско-каталитичка„ или EC’ реакција имплицираат дека граничната струја во цикличната волтаметрија зависи само од кинетиката на хемиската реакција помеѓу ензимот и неговиот супстрат, а е независна од сите други кинетички и термодинамички параметри што влијаат на брзината на преноз на електрони во електродната реакција. Развиената метода се базира на линеарна зависност помеѓу измерените лимитирачки струи на цикличните волтамограми како функција од концентрацијата на супстратот. Методата е едноставна и овозможува директно определување на константата на Michaelis-Menten.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Chemical sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 05 Nov 2018 11:22 |
Last Modified: | 05 Nov 2018 11:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20738 |
Actions (login required)
View Item |