Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Naskova, Sanja and Zarkova-Atanasova, Julija and Atanasova, Sandra (2018) Најчести грешки и компликации при отпечатување кај фиксно-протетички конструкции. In: Knowledge – International Journal Vol. 23.2, 24-27 May 2018, Budva, Montenegro.
Preview |
Text
poster Knowledge Budva.pdf Download (974kB) | Preview |
Preview |
Text
abstrakt book - Budva.pdf Download (883kB) | Preview |
Abstract
Од огромно значење при протетичка терапија е земање на квалитетен отпечаток. Отпечатокот претставува негатив од состојбата во устата на пациентот, кој треба да биде димензионално стабилен бидејќи со негово излевање ќе ни послужи како добра основа за добивање на работен модел – позитив, на кој ќе се изработи протетичката конструкција. Поради фактот дека индиректните реставрации се произведуваат во заботехничка лабораторија, од огромно значење е прецизно пасување на конечната изработка, без потреба за нивна корекција, што е условено од совпаѓањето на моделот со ситуацијата во устата на пациентот. На тој начин од една страна е овозможено побрзо и поефикасно работење, а притоа ваквите изработки помагаат и во профилакса на периодонтот. Во текот на изминатите 100 години, еластомерните отпечаточни материјали континуирано се развиваа и се оптимизираа за подобрена прецизност, удобност на пациентот и леснотија на користење. Сепак, постојат и одредени фактори кои негативно влијаат на самото отпечатување. Сето тоа може да влијае на големината на коронката и истата може да биде преголема или премала. Доколку добиеме поширока коронка, се појавуваат нетолерантни маргинални празнини и во друга ситуација доколку коронките се потесни, истите не ја достигнуваат границата на препарација. Биолошката толеранција за маргиналните разлики е речиси непозната, сепак докажана е и поврзаноста меѓу маргиналната точност и оштетувањето на пародонтот и појавата на секундарни кариеси во случај на непасување на протетичката изработка. Ова проблематика главно се однесува на реставрации кај субгингивална и парагингивална препарација. Затоа, добро отпечатување во пределот на демаркационата линија е неопходен предуслов за да се постигне добра маргинална адаптација. Стандардизација и запазување на протоколите на работа може да го намали бројот на повторувања и потребата од корекции. Покрај тоа, конечниот успех е под силно влијание на клиничката состојба и е индивидуален за секој пациент. Клинички параметри кои влијаат на отпечатувањето се: пародонтален статус и оралната хигиена на пациентот, временски период помеѓу препарацијата и отпечатувањето, препарација на забите и анестезија. Стоматологот мора да внимава и да знае да ги идентификува, а воедно и да ги корегираат потенцијалните компликации при отпечатување што ќе влијаат на конечната протетичка изработка од впечатоците. Најчести грешки кои се појавуваат при отпечатувањето се: дефекти и раскинување во маргиналната регија, создавање на меури во отпечатокот, избор на несоодветна лажица за отпечатување, одвојување на отпечатокот од лажицата, изобличување на лажицата и површинска контаминација. Компликациите кои настануваат во процесот на отпечатување често пати се конфузни за стоматологот и за забниот техничар. Од големо значење за конечниот успех на протетичката терапија е да се знаат можните причини за настанатиот неуспех и секако нивно превенирање. Преку преземање на неопходните мерки на претпазливост ќе се избегне оштетување на отпечатокот и целокупно подобрување во пасувањето на конечната протетичка изработка.
Клучни зборови: грешки при отпечтување, маргинална адаптација, отпечатување, фикснопротетички изработки.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Zlatanovska |
Date Deposited: | 05 Nov 2018 11:03 |
Last Modified: | 05 Nov 2018 11:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20733 |
Actions (login required)
View Item |