Персонална изложеност на суспендирани честички во урбаните центри во Македонија - колку сме изложени навистина

Mirakovski, Dejan and Boev, Blazo and Hadzi-Nikolova, Marija and Boev, Ivan and Zendelska, Afrodita and Sijakova-Ivanova, Tena (2018) Персонална изложеност на суспендирани честички во урбаните центри во Македонија - колку сме изложени навистина. Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата? - Книга на апстракти . pp. 7-9.

[thumbnail of Personalna izlozenost...pdf]
Preview
Text
Personalna izlozenost...pdf

Download (984kB) | Preview

Abstract

Големата просторна и временска варијабилност на концентрациите на загадувачките материи и начинот на живот во големите урбани средини ги прават измерените амбиентални концентрации на фиксни локации во урбаните средини во најголем број случаи нерепрезентативни за дефинирање на реалната изложеност. Микросредините во кои луѓето се најдолго во контакт со загадувачките компоненти се, всушност, голем број нехерметички затворени простории, како домови, канцеларии, кујни, ресторани и разни превозни средства [1]. Концентрациите на загадувачките компоненти во овие микросредини, во кои луѓето минуваат најголем дел од времето (> 95 %), можат драстично да се разликуваат од амбиенталните [1, 2, 3]. Следствено, реалната или т.н. „персонална“ изложеност може да биде одредена исклучиво со одредување на концентрациите во зоната на дишење во сите микросредини каде што престојуваат луѓето, по пат на директни мерења, биолошки мониторинг и/или со користење на индиректни методи, како на пример, предиктивни моделирања [3, 4]. Материјали и методи: Во рамките на проектот подржан од МЖСПП, а со цел да се индицираат нивоата на персонална изложеност во урбаните центри во Македонија, во текот на декември 2015, како и јануари, јули, август, септември и ноември 2016 година, беа земени 60 примероци во Тетово и 120 во Скопје. Секое поединечно мерење (примерок) вклучува гравиметриско дефинирање на просечната изложеност на респирабилни честички во зоната на дишење (хемисфера со радиус од 30 cm околу лицето) на испитуваната индивидуа за репрезентативен период од 24 часа, а во согласност со модифицираниот метод MDHS 14/3. Податоците за амбиентните концентрации во Тетово и агломерацијата Скопје беа преземени од официјалниот сајт на МЖСПП (http://airquality.moepp.gov.mk/). Резултати и дискусија: Резултатите недвосмислено укажуваат на многу мала поврзаност меѓу персоналната изложеност и измерените амбиентни концентрации ( = -0,077/0,315 за Скопје и  = 0,121/-0,0107 за Тетово надвор од и во грејната сезона, соодветно). Измерената просечна изложеност надвор од и во
грејната сезона за Тетово изнесува 32,9, односно 93,9 µg/m3, а за Скопје 23,6, односно 31,2 µg/m3, и се од 1,2 до 7 пати помали од амбиентните концентрации. Ваквите состојби се должат, пред сѐ, на краткиот престој на отворено во зимскиот период, посебно во Скопје, за разлика од Тетово, што се рефлектира и со повисоки нивоа на изложеност во Тетово споредено со Скопје. Престојот во затворени простории, а посебно во простории во кои има уреди за прочистување на воздухот (наменски уреди или клима-уреди со филтри за честички), резултира со намалување на нивоата на персонална изложеност, дури и во услови на екстремно високи амбиентни концентрации на РМ10 [5].

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 01 Nov 2018 10:05
Last Modified: 01 Nov 2018 10:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20715

Actions (login required)

View Item View Item