Карактеризација на аеросолите во урбаните средини во Македонија – пат до решение

Boev, Blazo and Mirakovski, Dejan and Boev, Ivan and Hadzi-Nikolova, Marija and Sijakova-Ivanova, Tena and Zendelska, Afrodita (2018) Карактеризација на аеросолите во урбаните средини во Македонија – пат до решение. Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата? - Книга на апстракти. pp. 5-6.

[thumbnail of Karakteriz. na aerosoli.pdf]
Preview
Text
Karakteriz. na aerosoli.pdf

Download (993kB) | Preview

Abstract

Негативните ефекти врз здравјето поврзани, со зголеменото ниво на изложеност на загадувачки материи, а посебно изложеноста на цврсти честички (аеросоли) во амбиентниот воздух, се докажани во бројни екстензивни епидемиолошки студии. Имајќи го предвид фактот дека овие ефекти се посебно изразени во динамичните урбаните зони, точната карактеризација на загадувачките компоненти е од круцијално значење за алоцирање на изворите, можните мерки на контрола и, ултимативно, ефектот на загадувачките материи врз здравјето на луѓето [1, 2]. Материјали и методи: Во последните неколку години авторскиот тим работи на карактеризација на суспендираните честички во неколку специфични урбани зони во Македонија, а пред сѐ, во Скопје, Кавадарци и во Штип. Земањето примероци на аеросоли е вршено според стандардниот гравиметриски метод (EN 12341:2014), со нисковолуменски секвенцијален семплер на PTFE-филтри со дијаметар од 47 mm. Хемиската анализа е вршена со користење на рендген флуоресцентен спектрометар (EDX-900HS), во согласност со EPA/625/R-96/010a, а анализата на некои честички е реализирана со електронски микроскоп за оптичко скенирање (TESCAN VEGA3), опремен со енергетско-дисперзен спектрометар (Oxford Instruments X-act). Резултати и дискусија: Во сите примероци доминантно учество имаат секундарните честички од процесите на согорување, кое е екстремно изразено во зимскиот период, проследени од разни минерални и синтетички честички (разни видови пластика). Значајно учество имаат и биоаеросолите, посебно во пролет и во лето. Резултатите се дискутирани и од аспект на применливоста на методите за индицирање на можните извори врз основа на карактеристиките на суспендираните честички во урбаните зони и користење на податоците за развој на рецепторно ориентирани модели за пропорционирање на изворите [3].

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: урбани, аеросоли, карактеризација, рецепторни
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 01 Nov 2018 09:54
Last Modified: 01 Nov 2018 09:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20704

Actions (login required)

View Item View Item