Скопски џез фестивал

Концерт за 30 години кариера на Тони Китановски за крај на Скопскиот џез-фестивал

На последната фестивалска вечер од 37. Скопски џез-фестивал, гитаристот Тони Китановски со концерт од 20 часот во Македонската опера и балет ќе одбележи 30 години музичка кариера.

Во првиот дел од вечерта тој ќе настапи со својот најнов проект – квинтетот „Панда 5“ и во живо ќе го промовира новиот албум „Big City Scare”. Покрај Китановски во квинтетот членуваат и младите македонски џез-инструменталисти: Трајче Велков (труба), Кирил Кузманов (алт саксофон), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Виктор Филиповски (тапани).

Во вториот дел од концертната вечер во МОБ на Китановски ќе му се придружат неговите музички пријатели и соработници: Џон Сас, Дејв Вилсон, Асан Рашид, Васил Хаџиманов и Пјеро Епифанија Осамбела.

 Тони Китановски има  разновиден музички опус. Свирел на турнеи со своите проекти на џез и музика на светот, снимил и продуцирал голем број албуми, пишувал музика за играни и документарни филмови, современ танц, симфониски и големи џез-оркестри. Соработува со хип-хоп диџеи, музичари од Конго, ромски оркестри… Себеси се смета за композитор кој свири гитара, а неговата прва љубов отсекогаш била џезот.

Негов прв и највлијателен ментор е Драган Ѓаконовски-Шпато, во чиј дом тој првпат слушнал стара снимка од гитаристот Барни Кесел. Во 1990-тите живеел и студирал во Бостон, на музичкиот колеџ „Беркли“. По враќањето десет години подоцна, излегуваат серија албуми за SJF Records и ENJA/Yellowbird Records од Минхен, а „Big City Scare” е најновото музичко остварување на Китановски и квинтетот „Панда 5“.

Скопскиот џез-фестивал  годинава беше ориентиран кон современиот џез. Карактеристичен беше и по тоа што речиси сите музичари што учествуваа специјално допатуваа  за фестивалот и нивните концерти  не беа дел од турнеи.

 

Како по последните случувања во Македонија човек да го сподели оптимизмот што во секој јавен настап нападно го манифестираат премиерот Заев и министерот Димитров? Како да им се верува дека „ќе нѐ биде"? Во што да веруваат граѓаните?

повеќе

Без разлика дали помирувањето ќе се случи или не, за што никој не може да гарантира во целост, сепак, она што е особено важно е дека процесите на помирување се отворени.

повеќе

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе