Toneva Stojmenova, Verica and Naskova, Sanja and Atanasova, Sandra and Toneva Nikolova, Aleksandra (2018) Предности во оралната средина од конзумација на Витамин C. In: Knowledge - International Journal Vrnjacka Banja.
Preview |
Text
Vrnjacka skrateno.pdf Download (432kB) | Preview |
Preview |
Text
vrnjacka banja poster verce.pdf Download (516kB) | Preview |
Abstract
Резиме: Витамин Ц, кој е уште познат и како аскорбинска киселина, е важен нутритиент во
човековото тело, ткива и течности. Аскорбинската киселина е витамин, кој е растворлив во вода
(хидросолубилен) и има важна улога во исхраната. Тој е потребен за улогата како ко-фактор за некои
ензими и е ко-фактор во апсорпцијата на калциум. Исто така е важен за метаболизамот на некои
лекови и детоксификација на токсични супстанции надвор од телото. Овој витамин помага во
борењето со инфекции и е важен за правилна функција на имуниот систем. Исто така е важен во
одржувањето на крвен притисок во нормални граници.
Во оралната средина, витамин Ц е важен за синтеза на интерцелуларната супстанција, сврзното
ткиво и колагените влакна. Врската меѓу суплементацијата на витамин Ц и денталните и оралните
болести се многу комплицирани и докрај нерасјаснети. Колагените влакна се основни супстанции
во периодонталното ткиво и гигивата, па така, тој е клучен фактор во зараснувањето на рани,
воопшто низ целото тело, но и во оралната средина. Неговата улога е да го одржува интегритетот
на коската, сврзното ткиво, забите и гингивата. Витамин Ц превенира орални патолошки состојби
поради неговата функција со електроните. Тој дејствува за да ги намали инфламаторните симптоми
на гигивата. Храната богата со витамин Ц превенира појава на гигивитис и го намалува крварењето
од гингивата, кои се состојби кои можат да доведат до губиток на забите. Извори кои се добро
снабдени со витамин Ц се: свежо овошје, особено цитрусно овошје (како што се лимони, портокали,
киви), и зеленчук (како што се кељ, домати, брокули, пиперки) и ги намалува ризикот од заболувања
и на целото тело и оралната средина.
Ние може да заклучиме дека аскорбинската киселина е потребна за многу функции во човековото
тело и има мултипна улога во човековата хомеостаза. Предности на витамин Ц во оралната средина
вклучуваат одржување на здрави заби, коски и добро периодонтално здравје и намалување на
ризикот од премалигни лезии. Ризикот од орални премалигни лезии значително се намалува со
зголемена консумации на овошје, особено цитрусно овошје и сокови.
Клучни зборови: орално здравје, гингивитис, витамин Ц, човеков имунитет, хомеостаза.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 02 Nov 2018 08:16 |
Last Modified: | 11 Dec 2024 13:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20672 |
Actions (login required)
View Item |