Промени во оралното здравје во текот на бременост

Atanasova, Sandra and Naskova, Sanja and Toneva Stojmenova, Verica and Zlatanovska, Katerina (2018) Промени во оралното здравје во текот на бременост. In: Knowledge - International Journal, Vrnjacka Banja 2018.

[thumbnail of vrnjacka banja poster.pdf]
Preview
Text
vrnjacka banja poster.pdf

Download (532kB) | Preview
[thumbnail of Brnjacka Banja - abstract book.pdf]
Preview
Text
Brnjacka Banja - abstract book.pdf

Download (676kB) | Preview

Abstract

Резиме: Бременоста како еден од најважните периоди кај жената предизвикува големи промени во анатомијата, физиологијата, метаболизмот на мајката. Настануваат одредени промени во усната празнина и истата не представувува причина за да се избегнуваат потребните стоматолошки третмани. Зголемениот проток на крв низ телото, зголемувањето на киселоста во устата, како и промените во хормоналниот статус особено зголемувањето на естрогенот и прогестерон во текот на бременоста можат да резултираат со одредени промениво усната празнина.Овие промени вклучуваат: гингивитис, периодонтитис, ерозија на забите, мобилноста на забите, туморите за бременост, ксеростомија и кариес на забите. Истражувањата покажуваат дека најчеста промена која настанува во устата представува гингивитисот со преваленца од 65% до 70%. Гингивитисот всушност представува воспаление на гингивата кое се карактеризира со гингивално крварење и настанува како резултат на неодстранет дентален плак. Доколку тој остане нетретиран може да доведе до потешка форма на периодонтално заболување. Периодонтитис настанува кога воспалението се проширува и во останатите тиква на пародонтот, резултира со нивна деструкција, а со текот на времето доведува и до губење на забите. Во текот на бременоста усната празнина е почесто изложена на желудочната киселина како резултат на честите утрински повраќања со што доаѓа до појава на ерозии на забите. Тумори на бременост во усната празнина кои не се разликуваат од пиогениот тумор настануваат најчесто по првото тромесечие како резултат на зголемен прогестерон во комбинација со бактериите и локалните надразнувачки фактори. Тие обично се повлекуваат по раѓањето на бебето. Мобилноста на забите во текот на бременост е поврзана со степенот на заболување на пародонтот како и со промената на минералниот состав во ламина дура. Промените во составот на плунката и ксеростомијата представуваат состојби карактеристични за бременоста кај кои е потребна зголемена орална хигиена и употреба на флуориди со што ќе се намали ризикот од забен кариес. Третманот на овие промени понекогаш бара радиографско снимање кое не е контраиндицирано во бременоста, бидејќи е присутна изложеност на ниско ниво на радиоактивност и се преземаат сите мерки на безбедност. Во бременоста се користат локални анестетици со епинефрин. Кога е индицирана употреба на антибиотици, сите пеницилини, еритромицин и цефалоспорини се сметаат за безбедни за време на бременоста. Контраиндицирана е употребата на тетрациклините, ванкомицин и стрептомицин. Ацетаминофен е најбезбедниот аналгетик за време на бременоста. Бидејќи постои потенцијал за токсичност на црниот дроб, пациентите потребно е да се советуваат за максималната дневна доза и како да се зема лекот.Потребна е соодветна едукација на бремените пациенти за оралната хигиена, можните промени во устата како и редовните стоматолошки посети.Стоматолошките прегледи пред и за време на бременоста се важни за стоматологот да ги пронајде и лекува проблемите во устата. Тој може да препорача третман за време на бременоста или по раѓање на бебето.
Клучни зборови: бременост, гингивит, ерозии, орална хигиена, едукација...

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 02 Nov 2018 08:15
Last Modified: 26 Nov 2024 10:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20662

Actions (login required)

View Item View Item