Atanasova, Sandra and Kovacevska, Ivona and Naskova, Sanja and Toneva Stojmenova, Verica and Zlatanovska, Katerina and Longurova, Natasa (2018) Орална хигиена за време на ортодонтски третман. In: Knowledge - International Journal Scientific and applicative papers Vol 19.4, 29 Sept -1 Oct 2017, Agia Triada, Greece.
Preview |
Text
Za Agia Triada - Сандра.pdf Download (722kB) | Preview |
Preview |
Text
Agia Triada poster Sandra.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Ортодонтскиот третман има многу значајна улога во подобрување на лицевата естетка, денталната хармонија а со тоа влијае и на самопочитта кај пациентите. Негова главна цел е да ја подобри забната оклузијата, при што ќе резултира со добро функционирање на дентицијата односно ќе се овозможи подобра мастикација. Одржувањето на орални здравствени навики се од клучно значење за пациентите кои се под ортодонтски третман бидејќи неуспехот да се одржи добра орална хигиена може да резултира со акумулација на дентален плак преку фиксните протези и други ортодонски апарати, што доведува до несакани ефекти и предизвикува влошување на оралното здравје.
За да се избегнат несаканите компликации кои можат да настанат во текот на ортодонтскиот третман од особена важност е одржување на правилна орална хигиена. Всушност, несоодветната оралната хигиена пред започнување на третманот и лошата орална хигиена за време на ортодонтскиот третман е поврзана со поголема инциденца на несакани ефекти. Орална хигиена има важна улога во оралната здравствена заштита. Веднаш по започнувањето на ортодонтскиот третман од суштинско значење е пациентот да се едуцира за правилно одржување на оралната хигена, користење на соодветни четки за заби, правилни техники на четкање на забите, употреба на интерапроксимални четки, користење на пасти за заби со флуориди, антисептични водички за испирање врз база на флуориди како и професионална нега од страна на стоматолог. Одржувањето на оралното здравје во текот на ортодонтскиот третман е комбинација од добра орална хигиена и балансирана, правилна исхрана. Се препорачува избегнување или минимизирање на употребата на шеќери, газирани пијалоци за време на оброците како и закуски меѓу оброци. Сепак мотивацијата на пациентот, неговата умешност се од витално значење за оралното здравје односно за успехот на оралната хигиена во текот на ортодонтскиот третман. Иако пациентите редовно го посетуваат ортодонтот во текот на третманот потребна е и редовна посета кај стоматологот која и во овој период е исто значајна. Ортодонтот е фокусиран на подобрување на денталната хармонија додека стоматологот се грижи забите да останат здрави со темелни прегледи и превентивна нега.
Оптимално одржување на оралното здравје за време на ортодонтскиот третман треба да биде златен стандард во денешната практика. Покрај интервенциите на стоматологот потреба е и соодветна едукација и мотивација на пациентите во одржувањето на оралната хигиена во домашни услови. Ортодонтскиот третман е тимски напор во кој ортодонтот, пациентот и стоматологот имаат важна улога во добивањето на совршена насмевка.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 19 Oct 2018 09:38 |
Last Modified: | 04 Jul 2022 09:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20628 |
Actions (login required)
View Item |