Atanasova, Sandra and Kovacevska, Ivona and Naskova, Sanja and Toneva Stojmenova, Verica and Longurova, Natasa (2018) Несакани ефекти на ортодонтски третман. In: Knowledge – International Journal Vol. 23.2, 24-27 May 2018, Budva, Montenegro.
Preview |
Text
Separat za Budva-Sandra.pdf Download (800kB) | Preview |
Preview |
Text
budva poster 1 Sandra.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Ортодонтскиот третман на малоклузиите и краниофацијалните абнормалности придонесува за правилна поставеност на забите и на тој начин овозможува подобра оклузијата како и подобар однос на вилиците. Со ортодонтскиот третман исто така е овозможено и подобро одржување на оралната хигиена кај пациентите. Покрај ова исто така е овозможена подобра мастикација, фонација и естетика на лицето на пациентот, при што ортодонтскиот третман придонесува за општото и оралното здравје на пациентот, влијае на самодоверба односно подобрување на квалитетот на неговиот живот. Како и секоја друга медицинска интервенција, покрај придобивките од ортодонтскиот третман постојат и одредени ризици, негативни ефекти. Меѓутоа овие негативни ефекти кои се поврзани со самиот ортодонтски третман се значително помали во споредба со останатите хирушки и нехирушки интервенции. Сепак, најчестите негативни ефекти од ортодонтскиот третман можат да бидат локални односно интраорални и екстраоралнии како и системски. Во локални несакани ефекти спаѓаат: дисколорации на забите, ресорпција на корените, деминерализација на забите, атриции на емајлот, кариес, периодонтални компликации од кои најчеста е гингивалната инфламација, потоа промени на меките ткива во оралната и максилофацијалната регија, како и темпоромандибуларни нарушувања. Како резултат на ортодонтскиот третман може да дојде до појава и на некои системски несакани ефекти: гастроинтестинални компликации, алергиски реакции, инфективен ендокардит како и појава на хроничен замор. Ортодонтскиот третман има двојно дејство, понекогаш е многу важен во однос на зголемување на статусот на периодонтално здравје, меѓутоа понекогаш можат да настанат и некои од горенаведените негативни ефекти. Еден од предизвиците на најголем дел од ортодонтите е да го завршат ортодонтскиот третман со најмалку ефекти врз корените и пародонтот на забите. Ортодонтскиот третман најчесто е контраиндициран кај пациенти со активна пародонтална болест или лошо пародонтолошко здравје, бидејќи во таков случај шансата за понатамошно влошување на состојбата е повисока. Затоа, пред започнување на ортодонтскиот третман се препорачува темелна проценка на периодонталното здравје и нивото на прицврстената гингива, особено важно е да се нагласи потребата од одржување на добра орална хигиена со цел да се постигне најдобриот третман. Општо земено, последователните придобивки од ортодонтскиот третман мора да ги надминат сите потенцијални штети. Пациентот, како учесник во донесувањето на одлуките во врска со третманот има право да биде информиран за придобивките и можните ризици кои можат да се појават.
Клучни зборови: ортодонтски третман, негативни ефекти,
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 19 Oct 2018 09:38 |
Last Modified: | 04 Jul 2022 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20611 |
Actions (login required)
View Item |