Dimitrievski, Dragan and Dimitrievski, Ljupco and Lepitkova, Sonja and Jovanovski, Milorad and Petkovski, Ljupco (2018) Значењето на стратешко планирање и европските директиви при управувањето со подземните води. 10 Меѓународна конференција „Води и отпад реалност и предизвици 2018“.
Preview |
Text
Prof Leptkova trud 1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Развојот, управувањето и експлоатацијата на подземните води предвидува долгорочна инвестиција во инфраструктура за искористување на подземните води. Одржливата експлоатација и избегнување на контаминација, како посакувани цели во целиот тој процес се возможни само преку соодветно планирање и стратешки пристап. Мониторингот на податоци за статусот на подземните води, и нивна интерпретација во соодветна техничка документација е континуиран и непрекинат процес, во
кој исполнувањето на барањата на европските директиви и меѓународни стандарди за РМ како земја кандидат членка на ЕУ не се само препорачливи, туку се и задолжителни. Земјите членки треба да охрабрат учество на сите инволвирани страни во имплементацијата на Рамковната директива за води, особено при изработка на Плановите за управување со речен слив. Тие треба да осигураат дека
ценовната политика ќе ги стимулира корисниците да ги користат водните ресурси ефикасно и дека одделните економски сектори ќе придонесат за намалување на трошоците за вода, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на животната средина и ресурсите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Goran Tasev |
Date Deposited: | 19 Oct 2018 08:03 |
Last Modified: | 19 Oct 2018 08:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20599 |
Actions (login required)
View Item |