Trenceva, Ivana (2018) Улогата на патронажната сестра при едукација и третман на пациенти со дијабетес во Кочани и околните населени места во период од 2012 до 2016 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
патронажна сестра - дијабетес.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Хроничните болести имаат долготраен и доживотен тек, можат да доведат до инвалидитет, предвремена смртност и на болниот му се намалува квалитетот на животот. Една од најчестите хронични незаразни болести е шеќерната болест, за која поради големиот број на заболени има потреба од различни мерки за превенција и промоција на здравјето со цел рано откривање и спречување на нејзино настанување. Патронажните сестри тие мерки ги спроведуваат си индивидуални здравствени советувања преку домашни посети и работа со групи заболени од дијабет. Исто така, тие помагаат во воспоставување на комуникација и соработка со други служби и здруженија важни за решавање на здравствената и социјалната состојба на пациентот на нивото на примарна, секундарна и терцијална превенција. За остварување на таа цел унапредена е соработката помеѓу патронажната служба и медицинските сестри вработени во Ј.З.У. Здравствен дом Кочани, Ј.З.У. Општа болница Кочани, Центар за дијабет Кочани Ј.З.У. Општа болница, ЈЗУ Центар за Јавно здравје Кочани, Здружение на дијабетичари од Кочани. Целта на овој специјалистички труд е да се утврди колку е дијабетесот присутен во системот на работа на патронажната служба и да се прикаже улогата на патронажната служба во системско и континуирано превенирање на појавата на дијабетес, а за таа цел обработени се податоци добиени од епидемиолошкиот метод со ретроспективно истражување за перидот 20122016 година и проспективно истражување на третирани пациенти.
Клучни зборови: сестринство, инсулин, гликемија, самоконтрола, превенција
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 19 Oct 2018 08:00 |
Last Modified: | 19 Oct 2018 08:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20598 |
Actions (login required)
View Item |