Fotov, Risto (2010) Можности за искористување на геотермалната енергија во Република Македонија. /.
Text
1. ФОТОВ МОЖНОСТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -.pdf Download (383kB) |
Abstract
Целиот свет денес се соочува со два големи енергетски проблеми. Првиот се состои во недостаток на енергија и несигурност во нејзиното користење, а вториот се состои во загадување на околината што влијае на климатските промени предизвикани од претераната и нерационална потрошувачка на енергија. Производтсвото, дистрибуцијата и потрошувачката на енергијата се дејности кои директно или индиректно влијаат на сите сегменти од човечкото делување, но и на социјалниот и економскиот напредок на секоја поединечна земја. Еколошките последици од енергетската потрошувачка се теми кои прилично долго се запоставувани. Меѓутоа, и покрај тоа што и понатаму не се
води доволно сметка за социјалните, еколошките, економските и сигурносните аспекти на користењето на енергијата во цели за задоволување на се поголемите енергетски потреби, денес овој проблем сепак е препознат и во голем број, пред се, од страна на развиените земји, е прифатено дека досегашниот неконтролиран пристап на потрошувачка на енергија станува неодржлив. Од тие причини треба да се фокусираат вниманието и активностите кон одржлив пристап во потрошувачката на енергија, по пат на рационално планирање на самата потрошувачка, преку имплементација на мерки за енергетска ефикасност во сите сегменти на енергетскиот систем. Цените на енергијата и енергентите, поради глобалните и локални причини, во наредниот
период и понатаму ќе растат, што директно ќе влијае на пораст на трошоците на живот и работењето.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Risto Fotov |
Date Deposited: | 26 Nov 2012 08:58 |
Last Modified: | 11 Jun 2013 12:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2055 |
Actions (login required)
View Item |