Ampovska, Marija (2018) Осигурување од одговорност на извршителот во македонското право. Зборник на трудови од Петтата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. pp. 437-442. ISSN ISBN 978-608-244-548-9
Preview |
Text
Odgovornost na izvrsitelite.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во трудот централно место зазема осигурувањето од одговорност на
извршителот во македонското право, од аспект на задолжителното
осигурување предвидено со правните прописи. Со оглед на тоа дека
предмет на осигурувањето е законски уредената одговорност на
извршителот за штета што ќе ја причини на трети лица при вршење
на својата дејност, трудот дава приказ и на граѓанско-правната
одговорност на извршителот, како специфичен вид на
професионална одговорност, од аспект на нејзина уреденост со lex
specialis, како и од аспект на правната теорија. На тој приказ се
надоврзува анализата на осигурувањето од одговорност на
извршителот, преку призмата на нејзината правна природа, правни
извори и правна уреденост. Имајќи во предвид дека подетална
уреденост на овој вид осигурување од одговорност е содржана
единствено во посебните услови на осигурувачот, фокусот ќе биде
ставен на нивните одредби, со цел да се направи анализа на нивната
усогласеност со законските одредби, како и меѓусебната
усогласеност. Крајната цел е преку анализа на спецификите на
осигурувањето на одговорноста на извршителот да се одговори на
прашањето дали истото ги исполнува целите на своето постоење –
дали претставува правно исполнет предуслов за остварување
заштита на оштетените лица, а во исто време да го социјализира
ризикот од вршење на професионални дејности, без притоа да се
изгуби чуството на одговорност и да се умртви степенот на
внимание кај осигуреникот – извршителот.
Клучни зборови: осигурување од одговорност, професионална
одговорност, извршител, надомест на штета.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Marija Radevska |
Date Deposited: | 12 Oct 2018 09:11 |
Last Modified: | 12 Oct 2018 09:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20525 |
Actions (login required)
View Item |