Компарација и дијагностичкото значење на вредностите на HE4 И CA125 во гинеколошката онкологија

Stojkova, Irina and Velickova, Nevenka (2018) Компарација и дијагностичкото значење на вредностите на HE4 И CA125 во гинеколошката онкологија. In: October meeting, Union of Associations of medical laboratory and sanitary technicians of the Republic of Macedonia, 04-07 Oct 2018, Ohrid, R. Macedonia.

[thumbnail of Stojkova_Oktomvriski sredbi.pdf]
Preview
Text
Stojkova_Oktomvriski sredbi.pdf

Download (792kB) | Preview
[thumbnail of N.V. 2.pdf]
Preview
Text
N.V. 2.pdf

Download (780kB) | Preview

Abstract

Воведен дел: Карциномот на јајници е втора најчеста малигна болест и причина за смрт кај женска популација. Тумор маркерите се биолошки активни супстанции кои се произведени од страна на клетките на ракот како одговор од некој канцероген процес. Во областа на онкологијата, редовниот скрининг и следење на концентрацијата на тумор маркерите e битен критериум за оценување на ефикасноста oд лекувањето и неговата чувствителност на третманот. CA125 е тумор маркер кој се користи во лабораториската дијагностика и детекција на епителијален карцином на јајници. Но, покачени вредности на овој тумор маркер може да бидат регистрирани и при бенигни гинеколошки промени. Кај 20% од пациентите со карцином на јајници, не се регистрираат покачени вредности на CA125, посебно во почетната фаза од заболувањето. Од таа причина, имајќи ја во предвид неговата недоволна дијагностична специфичност и осетливост, од една страна и заради подобрување и побрзо дијаностицирање на карциномот на јајници, од друга страна, неопходно е мониторирање и скринин на секреторниот гликопротеин HE4 (engl. human epididymal protein 4). Во нормално ткиво на јајници, HE4 се секретира во многу мала количина.
Цел на трудот: Да се потврди дијагностичкото значење на вредноста на HE4 како и компарација на HE4 и CA125 кај истите пациенти кои се лекуваат на Клиниката за онкологија во Скопје.
Материјал и методи: Се работи за проспективна студија во која се користени податоци и резултати од пациенти кај кои предопретивно е направена детална анамнеза, детален конвенционален и доплер трансвагинален ултразвучен преглед, земена е крв за одредување на тумор маркери HE4 и CA125. Направена е компарација на вредностите на HE4 и CA125 со помош на имуноесејски методи, кај пацинетки од различни возрасти кај кои е дијагностицирана ендометриоза, цисти на јајникот, карцином на јајници, бенигни тумори како и малигни карциноми на јајници и матка.
Резултати: Резултатите од ова испитување се компатибилни на досегашните литературни податоци. Истите потврдуваат дека HE4 се карактеризира со повисока специфичност и осетливост во споредба со CA125 во дијагностиката, третманот и терапијата на гинеколошки малигни заболувања, посебно кај карцином на јајници. Високата концентрација на HE4 и CA125 во циркулацијата, укажува на карцином на јајници, додека зголемувањето само на вредноста на CA125, укажува само на бенигни промени. Од тие причини следењето и скринингот и на двете вредности како маркери или ROMA indeks (Risk of Ovarian Malignancy Algorithm) e важна алатка која упатува на понатамошниот висок или низок ризик од појава на епителијален карцином на јајници.
Заклучок: Следењето на овие вредности е од посебна важност во понатамошниот третман и лекување во гинеколошката онкологија, со единствена цел продолжување на животниот век кај овие пациенти.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 11 Oct 2018 18:46
Last Modified: 11 Oct 2018 18:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20517

Actions (login required)

View Item View Item