Примена на традиционална кинеска медицина кај пациенти со бурзитис на рамото

Nikolovska, Karolina (2018) Примена на традиционална кинеска медицина кај пациенти со бурзитис на рамото. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of K. N..pdf]
Preview
Text
K. N..pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Бурзата е кеса исполнета со мала количина на течност наречена синовијална. Бурзата се наоѓа на многу места во телото, главно помеѓу коските и тетивите и мускулите во близина на зглобовите. Бурзата го намалува триењето и го олеснува движењето меѓу коските, тетивите и другите ткива. Најголемите бурзи се наоѓаат помеѓу тетивите и коските, обично околу големите зглобови, како што се рамото, лактите, колковите и колената. Бурзитис е воспаление на бурза и може да биде предизвикана од различни фактори, како што се: траума (повторувачки движења), инфекција, таложење на микрокристали. Акупунктурата како дел од традиционалната кинеска медицина (TCM), многу често се користи во третманот на бурзитис. Во истражувањето се вклучени 30 пациенти, 18 мажи и 12 жени, на возраст од 18 до 71, третирани со акупунктура за бурзитис на рамо. Акупунктурните третмани беа направени во клиника за TCM и акупунктура, на собна температура, со нормални и жешки игли, на одредени тригерни точки - Ashi. Кај поголемиот дел од пациентите беа потребни само 1-2 третмани, освен за некои пациенти за кои беа потребни 3-4 третмани. Третманот со жешка игла покажа подобри и побрзи резултати во третманот при бурзитис на рамото.
Клучни зборови: акупунктура, третман, традиционална кинеска медицина, рамо, бурзитис

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:07
Last Modified: 13 Jul 2018 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20233

Actions (login required)

View Item View Item