Улогата на менаџерот во унапредување на работењето на финансиските институции

Mihajlova, Marija (2018) Улогата на менаџерот во унапредување на работењето на финансиските институции. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of магистерски труд Марија Михајлова.pdf]
Preview
Text
магистерски труд Марија Михајлова.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Правилното управување со финансиските институции како посредници во процесот на поврзување и трансфер на финансиските средства пoмеѓу суфицитарните и дефицитарните сектори (население, економија и јавен сектор) претставува посебен предизвик во ова турболетно време на живеење. Во тој поглед, анализирајќи ја денешната реалност воочуваме доста финансиски институции кои остваруваат високи профити, но и финансиски институции кои остваруваат големи загуби. Суштинската разлика помеѓу успешните и неуспешните финансиски институции е токму во улогата на менаџментот. Па оттука произлегува сѐ поголемото значење и влијание на менаџментот. Менаџментот е генеричка активност, функција и знаење, специфично и својствено средство на секоја организација без разлика каква е нејзината мисија. Менаџментот на финансиските институции е процес кој ги насочува активностите за остварување на целите на финансиските институции. Финансиските институции се посредници во процесот на поврзување и трансфер на финансиските средства помеѓу суфицитарните и дефицитарните сектори. Финансиските пазари им овозможуваат на финансиските институции нудење на корисни услуги на јавноста и остварување на своите цели, односно остварувае на профит. Во трудот е извршено теоретско елаборирање и емпириско истражување, кое е прикажано табеларно, графички и пресметанх2 тест.

Клучни зборови: менаџери, профит, кредитни институции, институционални инвеститори, инвестициони банки, лизинг, факторинг,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:09
Last Modified: 13 Jul 2018 11:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20230

Actions (login required)

View Item View Item