Учење со помош на компјутерски игри

Stojkovic, Natasa and Stojanova, Aleksandra and Bikov, Dusan and Suteva, Gabriela (2011) Учење со помош на компјутерски игри. Меѓународен научен собир "Образованието во 21 век".

[thumbnail of Учење со помош на компјутерски игри.pdf]
Preview
Text
Учење со помош на компјутерски игри.pdf

Download (378kB) | Preview

Abstract

Програмите за забава кои се играат на компјутер се викаат компјутерски игри. Уште од појавата на првите компјутерските игри децата повеќе сакаат да ги играат игрите отколку да ги слушаат предавањата на наставниците. Првата компјутерска игра во светот била направена во 1961 год.во Америка под името Spacewar. Доколку мислите дека видео игрите се нешто на кое децата залудно го трошат своето скапоцено време, жал ни е, но мораме да ви кажеме дека не сте во право. Постои дури и училиште “Quest to Learn” кое било отворено во Њујорк, а негова задача е да ги образува децата исклучиво преку компјутерски игри. Може да се каже, дека игрите го окупираат вниманието на децата за време на часови и ги тераат да решаваат одреден проблем иако константно наидуваат на препреки, но ако нешто слично им се случи во вистинскиот живот или за време на предавањето од страна на наставниците, децата обично се откажуваат при првата препрека. Постојат голем број на едукативни компјутерски игри кои може да им помогнат на децата во учењето. На пример игрите од видот меморија, им помагаат на децата да ја подобрат својата краткотрајна меморија и да ја унапредат вештината на брзо препознавање. Исто така постојат и едукативни игри во кои преку игра е разработен целиот материјал од некое одделение. Со помош на овие CD-ња децата многу полеснп може да го совладаат училишниот материјал.
Клучни зборови: видео игри, учење, сериозни-едукативни игри

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Stojkovik
Date Deposited: 27 Nov 2012 13:52
Last Modified: 06 Aug 2015 12:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2021

Actions (login required)

View Item View Item