Спроведување на задолжителна имунизација во општина Kочани во периодот 2012 – 2016 година

Todosieva, Julija (2018) Спроведување на задолжителна имунизација во општина Kочани во периодот 2012 – 2016 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Лекториран Специјалистички труд Јулија.pdf]
Preview
Text
Лекториран Специјалистички труд Јулија.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Отпорноста на осетливите лица спрема одредени инфективни агенси може на вештачки начин да се постигне по пат на активна или пасивна имунизација. Стимулирањето на организамот сам да создава специфични антитела против одредена болест претставува активна имунизација. Тоа се постигнува со внесување на инактивирани предизвикувачи на заразните болести, нивни делови или нивни токсини, при што се провоцира создавање на специфични антитела. Начинот на кој се постигнува оваа специфична отпорност се вика вакцинација, а препаратите кои се користат се викаат вакцини. Вакцинацијата е една од најголемите придобивки на човештвото.
Цел на трудот: Целта на овој специјалистички труд е да објасни што е имунизација, какви видови на имунизација постојат, што е вакцина, кои се придобивките од вакцинирањето и да се најдат податоци за бројот на предвидени и вакцинирани лица во општина Kочани и околните села.
Методи и материјали: Во овој труд се користени податоци од извештаи за процентуален опфат со задолжителна имунизација во општина Kочани од Центарот за јавно здравје во општина Kочани и Институтот за јавно здравје во Скопје, за градот Kочани и околните села, претставени во табели и графикони, за временскиот период од 2012 - 2016 г. Направен е и анкетен прашалник со општи прашања за вакцините и имунизацијата објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер за да се согледа мислењето на пошироката јавност. Податоците се прикажани во табелите и графиконите што следуваат.
Резултати и дискусија: Процентот на имунизација од инфективни болести е висок и во текот на изминатите години континуирано изнесува над 95% кај децата на возраст до една година. Според резултатите од истражувањето за имунизацијата во општина Kочани во периодот од 2012 до 2016 година и резултатите добиени од анкетниот прашалник, добиени се следниве информации: Во општина Kочани во изминатите пет години била успешна имунизацијата и има поголем процент на вакцинирани во споредба со податоците за Република

7
Македонија. Во 2015 година во општина Кочани со вакцината против хемофилус инфлуенце тип Б е опфатена целата планирана популација, односно има 100% опфатеност.
Во 2012 година со вакцината против ХПВ се опфатени сите планирани т.е. има 100% опфатеност.
Најголема разлика помеѓу предвидени и вакцинирани е во 2013 година со имунизацијата против ХПВ, каде во првата доза од 291 планирани вакцинирани се 133 или 47,7%, во втората доза се планирани 245, а се имунизирани 177 или 47,7% и најмалку се вакцинирани во третата доза - 39,9% или од 373 планирани, вакцинирани се 146.
Заклочок: Во анализираниот период општина Кочани е на прво место во Република Македонија според бројот на вакцинирани лица во периодот од 2012 до 2016 година во однос на сите вакцини според задолжителниот вакцинален календар. За зголемување на опфатот, службите за вакцинација треба да се ангажираат во изнаоѓање на неевидентирани, невакцинирани и непотполно вакцинирани лица, но и лица кои почесто мигрираат во државата и надвор од неа.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:01
Last Modified: 13 Jul 2018 11:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20205

Actions (login required)

View Item View Item