Улога на PNMF техники при рехабилитација на пациентите со мозочен удар

Kabranova, Violeta (2018) Улога на PNMF техники при рехабилитација на пациентите со мозочен удар. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Специалистички труд Виолета Кабранова.pdf]
Preview
Text
Специалистички труд Виолета Кабранова.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Мозочниот инсулт преставува акутно нарушување на циркулацијата во мозокот, кое протекува со локални и општи мозочни симптоми. Може да биде исхемичен, хеморагичен или во вид на Транзиторна исхемична атака (ТИА).
Етиолошки фактори се: артериосклероза, зголемен крвен притисок, артериска хипотонија, срцеви заболувања, малформации на мозочните крвни садови и др.
Во зависност од степенот на последиците, задачите за лекување и конкретните техники кои се користат за лекувањето на пациентот се многу различни. При нивниот избор треба да се внимава да се постигне максимално адекватно оптоварување за тренирање на нервно мускулниот апарат на болниот. Изборот на конкретна кинезитерапевтска техника се извршува индивидуално за секој болен, после прецизна кинезиолошка анализа на спастичниот синдром и функционална проценка.
Техниките за проприоцептивно нервно – мускулно олеснување (PNMF) имаат за цел да ја подобрат функционалната способност на пациентот преку олеснување, инхибиција, засилување и релаксација на мускулните групи. Техниките користат, концентрична, ексцентрична и статична мускулна контракција. Овие мускулни контракции, со правилно дозиран отпор и соодветни олеснувачки техники можат да бидат комбинирани и адаптирани за да одговорат на потребите и можностите на секој пациент.

Клучни зборови: мозочен инсулт, рехабилитација, физикална терапија, кинезитерапија, ПНМФ техники.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:01
Last Modified: 13 Jul 2018 11:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20204

Actions (login required)

View Item View Item