Турцизмите во лексиколошките трудови на Олга Иванова

Leontik, Marija (2017) Турцизмите во лексиколошките трудови на Олга Иванова. Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици-Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција одржана на 21-22 ноември 2013 год. во Скопје. pp. 259-266. ISSN 978-608-220-045-3

[thumbnail of 2017-OLGA-IVANOVA.pdf]
Preview
Text
2017-OLGA-IVANOVA.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Апстракт: Олга Иванова во многу свои лексиколошки трудови, директно или индиректно, ги има обработувано турцизмите како лексички слој. Поради ова, лексиколошките трудови станаа предмет на интересирање и на специјалистите по турски јазик, кои се интересираат за заемните влијанија на турскиот и на македонскиот јазик и за промените што се случувале при адаптацијата на турцизмите во македонскиот јазик. Лексиколошките трудови на Олга Иванова се доказ дека турските лексички заемки квантитативно и квалитативно го збогатиле македонскиот јазик дека во еден дел се употребуваат денес во различни области, а еден дел останаа како историски споменик на одредено време со свој начин на живот. Сите лексиколошки трудови на Олга Иванова се карактеризираат со долгогодишна трпелива работа, педантност и стручност што влеваат доверба и будат интерес да бидат користени како сигурен извор и компетентна литература. Овој заклучок ќе го поткрепиме со илустративни материјали од целокупното лексиколошко творештво на Олга Иванова.
Клучни зборови: Олга Иванова, македонски јазик, турски јазик, лексиколошки трудови, турцизми.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 20 Jun 2018 10:34
Last Modified: 20 Jun 2018 10:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20116

Actions (login required)

View Item View Item