Gaceva, Margarita (2018) Акупунктурен третман за мигрена. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Akupunktura za Migrena Margarita Gaceva.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Мигрената е тешка, болна главоболка која може да биде предизвикана од многу фактори (светлина, стрес, гласни звуци, недостаток на сон итн.) и да биде проследена со трнење во рацете и нозете, гадење, повраќање. Точната причина за појава на мигрена е непозната, но се смета дека се должи на абнормална активност во мозокот предизвикана од привремена промена на нервните сигнали и проток на крв во мозокот. Мигрената може да предизвика сериозни болки или пулсирачко чувство, обично само на една страна од главата.
Постојат три главни пристапи на третман: акутен третман кој користи лекови за ублажување на симптомите од напади; превентивен третман во кој се користат лекови кои се земаат секојдневно за да се намали бројот на напади или болка и комплементарен третман кој не користи лекови и најчесто се употребува за превенција и вклучува акупунктура, вежбање, техники за релаксација итн.
Покрај конзервативниот третман на лечење, постои и друг доста ефикасен начин на лекување со кинеска традиционална медицина (КТМ), кој се користи повеќе од 5000 години. Лекарите кои ја користат кинеската традиционална медицина користат повеќе третмани како: хербална медицина, акупунктура и таи чи за лекување или спречување на здравствените проблеми.
Акупунктурата е третман кој потекнува од древната кинеска медицина и се користи како успешен третман кај многу болести. Со напредокот на медицината и науката може да се докаже ефикасноста на овој третман. Третманот со акупунктура е безболен кај повеќемина пациенти и има терапевтско и аналгетско дејство. Акупунктурата е третман при кој во кожата се вметнуваат многу тенки стерилни игли чијашто цел е да се постигне баланс во организмот.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 22 Jun 2018 11:56 |
Last Modified: | 22 Jun 2018 11:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20112 |
Actions (login required)
View Item |