Kusevska, Marija and Ivanovska, Biljana and Daskalovska, Nina (2018) Прагматички истражувања и наставата по странски јазици. International Journal Knowledge, 23 (5). pp. 1369-1374. ISSN 1857-923X
Preview |
Text
Прагматички истражувања и наставата по странски јазици.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
И покрај тоа што наставниците добиваат огромна помош од издавачите и од провајдерите на обуки за наставници, сепак има работи кои тие самите треба да ги направат. Во суштина, многу е важно тие самите да си поставуваат прашања од типот: Што знаат моите студенти? Со кои јазични проблеми се соочуваат? Зошто моите студенти на Б1, па дури и на Б2 ниво, ретко ги користат модалните глаголи could/ may/ might за кои сум сигурна дека ги знаат? Зошто во обичен разговор имаат проблем соодветно да одговорат на рутинските конверзациски изрази од типот It was nice talking to you? Зошто имаат проблем да прашаат дали единственото празно место во преполниот ресторан е слободно или да го побараат телефонот на лицето со кое штотуку се запознале? Денес станува речиси неопходно при барањето на одговорите на овие прашања професорите да се потпираат на резултатите на научните истражувања наместо да се потпираат на својата интуиција. Оттука, целта на овој труд е да го промовира користењето на емпириските прагматички истражувања во наставата по странски јазици и да даде конкретен пример како научните истражувања може да обезбедат доказ за тоа што изучувачите на странскиот јазик знаат, што треба уште да научат и како да го постигнат тоа. Според тоа, со овој труд сакаме: 1. да ја нагласиме потребата од проширување на научните истражувања во сите сфери на учењето на странските јазици во нашата земја; 2. да покажеме дека научните истражувања имаат практична примена; 3. да дадеме пример како научните истражувања може да се инкорпорираат во наставата по странски јазици; и 4. да ги мотивираме наставниците да ги користат научните истражувања, па и самите да се занимаваат со истражување. Во еден од претходните наши трудови ја дискутираме употребата на резултатите на емпириските истражувања во прагматиката на меѓујазикот за креирање наставни планови. Во овој труд покажуваме како вака креираните програми може да се користат за составување лекции за совладување на откриените проблеми во областа на прагматиката. Прво, ги претставуваме резултатите од емпириските истражувања за развојот на прагматичката компетенција кај изучувачите на странски јазици добиени при реализацијата на проектот „Улогата на експлицитните инструкции за развивање прагматичка компетенција при учењето англиски и германски како странски јазици“ кој се одвива на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Република Македонија. По издвојувањето на оние форми за кои се потребни дополнителни активности, ги презентираме е-модулите кои ги составивме со цел да овозможат надминување на овие проблеми. На крај, ги презентираме идните активности на овој проект.. Се надеваме дека овој труд ќе ги поттикне наставниците да го користат овој приод во својата работа, што од своја страна ќе придонесе за развивање на комуникациските вештини на нивните студенти во јазикот и културата кои ги изучуваат.
Клучни зборови: академско истражување, проговарање, е-модули, прагматика, наставни планови
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 01 Jun 2018 07:59 |
Last Modified: | 01 Jun 2018 07:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20063 |
Actions (login required)
View Item |