Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини

Zisovska, Elizabeta (2018) Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини. In: Sostanok na Zdruzenie na neonatolozi na Republika Makedonija, 21 May 2018, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини.ppt.pdf]
Preview
Text
Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини.ppt.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини.pdf]
Preview
Text
Доењето и потребата за Омега-3 масните киселини.pdf

Download (355kB) | Preview
[thumbnail of Pokana Sostanok Skopje, 21.05.2018.pdf]
Preview
Text
Pokana Sostanok Skopje, 21.05.2018.pdf

Download (337kB) | Preview

Abstract

Арахидонската клжиселина (Arachidonic acid-AA; 20:4n-6) и Докосахексеноичната киселина (Docosahexaenoic acid-DHA; 22:5n-3) се есенциелни за растот на мозокот и когнитивниот развој. Тие исто така се акумулираат рапидно во мозокот и ретината за време на подоцнежните стадиуми од гестацијата и раниот постнатален живот.
DHA има клучна улога во формирањето на ЦНС и ретината кај луѓето. Другите влијанија на n-3 LCPUFA се:
•подобрување на најголем дел од когнитивните функции
•Развојот на видот, што овозможува подобра визеулна перцепција
•Кардиоваскуларното здравје, подобрувајќи го крвниот притисок, вискозноста на крвта
•Имуниот систем, заштитувајќи ги децата од алергии и астма во раното детство
Затоа, соодветен внес на овие масни киселини треба да се обезбеди уште во бременоста, доењето и за време на детството, а суплементацијата со n-3 (омега 3), и киселини треба да се размисли кога се формира соодветен режим на исхрана.
Дневните препорачани дози од страна на Експертскиот комитет варираат од 200–300 mg/ден. Важен е соодносот на омега-6 масни киселини наспроти омега-3 масни киселини, и овој однос има поголемо влијание врз подобрувањето на здравјето и развојот дури и од самиот поединечен внес на нутриентите. Со текот на животот, за жал, соодносот се менува во прилог на внес на омега-6 масни киселини кои имаат повеѓе проинфламаторен ефект за разлика од омега-3 масните киселини кои имаат антиинфламаторен ефект. Зголемениот внес на омега-6 масни киселини се должи на збогатување на исхраната со житарки, растителни масла, месо, променет состав на мастите и внес на рафинирани масти, со истовремено намалување на внесот на храна со побогата содржина на омега-3 масни киселини, како морска риба, и животински продукти богати со нив.
Со оглед на фактот што многу тешко е да се постигнат овие количини само преку исхрана, се препорачува да се титрира суплементацијата со омега-3 масни полинезаситени киселини се до постигнување на оптималното ниво во организмот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 30 May 2018 12:14
Last Modified: 30 May 2018 12:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20040

Actions (login required)

View Item View Item