Milenkovski, Robert (2018) Превенција и рехабилитација на фрактури кај децата. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
2. Роберт Миленковски-Специјалистички труд.pdf Download (631kB) | Preview |
Abstract
Фрактурите кај децата претставуваат значаен епидемиолошки проблем во светски размери. Враќањето на повредените деца во нормалниот живот и потполното функционално оспособување во што пократок период, како и фактот дека се работи за млада популација го прави ова истражување сосема оправдано.
Биохемиските и физиолошките разлики на скелетот на детето од скелетот на возрасните, доведуваат до различни механизми на повреди, различни модели на фрактури, лекување и третман. Местото, зачестеноста и природата на повредите се менуваат со возраста на децата и со степенот на зрелоста на скелетот, односно секоја старосна група од детството до адолесценцијата имаат свои типични модели на фрактури кои треба да се предвидат.
За разлика од возрасните лица, фрактурите во детскиот период можат да предизвикаат нарушување во растот и развојот и долготрајни анатомски, функционални и естетски последици, кои пак од своја страна се проследени со бројни психолошки и емоционални проблеми.
Превенцијата на детските трауми е многу значајна поради тоа што, повредите доведуваат до инвалидност на голем број деца на возраст од 2-15 години. Бројни студии покажале дека добро дизајнираните и ефикасно имплементирани превентивни мерки имаат ефект врз намалувањето на повредите и нејзините последици. Тие не се непредвидливи, често се поврзани со карактерот, опкружувањето и развојот на детето. Повредите кај децата се индикатори за ефикасноста на здравствената заштита на децата. Развојот на едно општество може да се мери според постигнатите ефектите од превземаните мерки за заштита на децата.
Многу фрактури кај децата можат да се спречат преку превентивни програми како што се: користење на заштитна опрема при спортување, избор на места каде децата ќе играат без опасност од паѓање и повреди и др
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 27 Apr 2018 09:50 |
Last Modified: | 27 Apr 2018 09:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19920 |
Actions (login required)
View Item |