Постоперативна рехабилитација кај пациенти со ендопротеза на колк

Gorgen, Sulejman (2018) Постоперативна рехабилитација кај пациенти со ендопротеза на колк. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of 2.Sulejman Gorgen - Specijalisticki trud.pdf]
Preview
Text
2.Sulejman Gorgen - Specijalisticki trud.pdf

Download (750kB) | Preview

Abstract

Дегенеративното заболување на зглобот на колкот им привлекува повеќе внимание на ревматолозите и на ортопедите, бидејќи е едно од најчестите и најтешките заболувања на зглобовите. Патоанатомскиот наод се карактеризира со примарна дегенерација на коскената рскавица, склероза на субхондралните коски, посебно со силна остеофитоза маргинално, хиперплазија на коскеното ткиво и остеопороза. Ова се заедно сочинува коскен блок, зглобната пукнатина исчезнува, зглобот останува непокретен а со тоа и општата мобилност на пациентот се намалува. Оштетениот зглоб на колкот го отежнува движењето и претставува сериозна причина за инвалидност и неподнослива болка.
Кога со конзервативните методи за лекување завршуваат без успех, се препорачува тотално ендопротезирање на зглобот. Замената на колкот со вештачки колк е едно од најголемите современи достигнувања на ортопедската хирургија и воопшто на медицината.
Тоталното ендопротезирање на зглобот на колкот е една од најуспешните операции во ортопедската хирургија. Преку отстранување на болката и неработоспособноста, оваа интервенција им овозможува на пациентите да се вратат кон активен живот. В светски рамки, секоја година се извршуваат стотици илјади ендопротезирања на колкови.
Ендопротезата ја обновува биомеханиката на зглобот, но за тоа е неопходна специјално насочена рехабилитација, за да се “вклопи“ новиот зглоб во кинетичката верига на долниот екстремитет и адекватно да се востанови потпорната и движечка функција на оперираната нога. Водечка улога во рехабилитацијата има кинезитерапијата, која има за цел: засилување на мускулите околу зглобот, особено мускулите абдуктори, екстензори и внатрешни ротатори, обука за правилно одење со постепено оптоварување на ендопротезираниот зглоб, правилен режим на движење со избегнување на ризичните движења за луксација на ендопротезата (флексија повеќе од 900, аддукција зад средната линија, крајна ротација) или за нејзиното олабавување (скокање, тресење и др.)

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 27 Apr 2018 09:51
Last Modified: 27 Apr 2018 09:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19919

Actions (login required)

View Item View Item