Stojanov, Trajce (2016) Калокагатија како воспитен идеал. In: Научно-стручна трибина на тема „Предизвиците и перспективите на учителската професија“, 07 Oct 2016, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
kalokagatija-MErged-за печат конечен зборник трибина 2016.pdf Download (997kB) | Preview |
Abstract
Убавото и доброто отсекогаш оделе рака под рака. Веројатно само подоцна со текот на долгиот историски развој, „изморената“ цивилизација ги раздвоила, не можејќи да ги оствари, како во личниот, така и во општествениот живот. Имено, токму на почетоците на европската цивилизација, во античка Грција, овој однос бил перцепиран заедно. Формално-методолошки тоа е овозможено затоа што категоријата убаво била разбирана многу пошироко отколку што се разбира денес. Така на пример, уште Платон во неколку негови Дијалози ја дефинирал убавината многу пошироко, „растегнувајќи“ ја на сите сфери на човековата егзистенција. Па така, за него, убаво не е само физичкото, појавното, сетилното, туку и внатрешното, несетилното – за него убави можат да бидат и мислите дури и обичаите или законите. Вака широко разбраната убавина на античката мисла ù овозможила да се допре со добрината.
Но, приближувањето не е само од формално-методолошка природа. Ами од суштинска. Затоа што токму на тоа упатува тој однос: внатрешно-надворешно. Впрочем и убавото и доброто се во сферата на аксиолошкото и обете се вредности кон кои поединецот стреми. Тоа не е само формален однос помеѓу етичкото и естетичкото, помеѓу етиката и естетиката, туку тој однос извира од суштинскиот однос помеѓу телесното и духовното, помеѓу телото и душата. И токму во оваа смисла мислиме на калокагатија како воспитен идеал – како тенденција за ускалдување на телото и духот. Впрочем,токму онака како што го третирала и антиката – како воспитен и образовен идеал на секој човек. Тоа во суштина значело хармоничен и складен развој на личноста. Клучното прашање што прво ќе се обиде да ги одговори овој текст е: дали денес е можен овој идеал, т.е. дали е напуштен идеалот на сестрано и хармонично развиена личност? И следствено: дали таквото образование е веќе мртво? Второто прашање од друга страна што ќе се одговара во овој труд е впрочем прашањето за потребата, поточно нужноста од едно такво воспитание.
Клучни зборови: калос, агатос, калокагатија, воспитание, морално воспитание, естетско воспитание, етика, естетика.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 27 Apr 2018 09:44 |
Last Modified: | 27 Apr 2018 09:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19917 |
Actions (login required)
View Item |