Dinceva, Verica (2018) Примена на финансиската анализа во оценка на профитабилноста на компаниите, со посебен осврт на профитабилноста на корпоративниот сектор во Република Македонија. Masters thesis, University Goce Delcev Stip.
Preview |
Text
ЛЕКТУРА Верица.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Профитот има возвишено место во деловниот свет и во економската теорија. Потребата од производство на профит наметнува ред и дисциплина на деловните организации. Ги поттикнува иновациите за намалување на трошоците, кои за возврат промовираат ефикасна употреба на ограничените ресурси. Мотивот за профит, исто така, ги поттикнува заштедите и преземањето ризици, два неопходни елементи на економски развој. Конечно, профитабилноста е мешавина со која бизнисмените можат да ги измерат своите достигнувања и да ги оправдаат своите барања за компензација. Имајќи ја предвид главната цел на секој бизнис, односно генерирањето на приходи за нејзините сопственици и инвеститори, планирањето на готовинските текови на компанијата и користењето на аналитички методи за прогнозирање на профитабилноста е многу важно за секој корисник на финансиска анализа. Прогнозата за профитабилноста е силна основа за разгледување на инвеститорите за алтернативните начини за користење на нивните средства. Показателите на профитабилност се сметаат за најважни показатели при оценка на бонитетот на друштвото. Со показателите на профитабилноста се мери способноста на компанијата да стекне соодветен поврат на средствата и акционерскиот капитал. Со овие показатели, всушност, се оценува способноста на бизнисот да генерира приходи во споредба со трошоците направени во текот на работењето, односно способноста на компанијата да управува со трошоците на работењето.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 26 Apr 2018 13:32 |
Last Modified: | 26 Apr 2018 13:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19913 |
Actions (login required)
View Item |