Придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал

Dimitrova, Janka (2016) Придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал. In: VI Меѓународна научна и практична конференција: Управување со развојот на економските регионални системи: Eвроазиска перспектива, 30-31 May 2016, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Janka.pdf]
Preview
Text
Janka.pdf

Download (965kB) | Preview

Abstract

Квалитетното финансиско известување е темел на функционалното пазарно стопанство и основа за здрав финансиски систем. Инвеститорите бараат јасна слика за состојбата на средствата и изворите на компаниите, како и за опкружувањето во кое стопанисуваат. Со прифаќањето и примената на МСФИ во најголем број земји во светот се овозможи унифицираност при презентирањето на информациите во финансиските извештаи, а со тоа и разбирање на истите од поголем број стеикхолдери. Ревизијата како научна и професионална дисциплина претставува значајна поддршка за финансискиот и економскиот развој во земјите. Целта на ревизијата е на заинтересираните страни да им обезбеди докази за веродостојноста на презентираните информации, што се добиени од оние на кои им е доверено управувањето со имотот на друштвото, со што се подига кредибилитетот на презентираните информации и нивна употреба при донесување одлуки за инвестирање во национални и интернационални рамки. Цел на истражување во овој труд ќе биде презентирање на придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал, како и придонесот и меѓународната соработка на ревизорските асоцијации во насока на унапредување на ревизорската професија, за да го поттикне придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизиската професија, како и да ја зајакне довербата на инвеститорите во податоците кои се објавени во финансиските извештаи.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Additional Information: УДК: 657.6(497.7) 339.727.2:657.6(497.7)
Uncontrolled Keywords: информации, инвестиции, развој, професионални стандарди, меѓународна соработка.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Biljana Kosturanova
Date Deposited: 19 Apr 2018 13:26
Last Modified: 19 Apr 2018 13:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19873

Actions (login required)

View Item View Item