Stojanov, Trajce (2015) Меѓуетничка интеграција во наставничките факултети. [Project]
Preview |
Text
Short-Theoretical-and-practical-views-on-application-of-the-interethnic-integration-in-the-teacher-training-faculties.split-and-merged.pdf - Published Version Download (238kB) | Preview |
Abstract
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД е во соработка со Центарот за балканска соработка – ЛОЈА, а е имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, во текот на изминатите години Проектот успешно ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, кои спроведуваа мисија за поттикнување на креативност, за отварање на можности за нови знаења и учења, за отварање на нови хоризонти и погледи, за меѓусебно запознавање и разбирање, за почитување на различностите, и тоа се со една цел, создавање на нови заеднички вредности и градење на заедничка иднина.
Едно од клучните достигнувања на проектот е тоа што сега сите основни и средни училишта во Македонија се вклучени во процесот. Најголем дел од општините, советите на родители и локалните заедници ги поддржуваа и ќе продолжат да ги поддржуваат активностите за интеграција на ниво на заедница. Со проектот се формирани околу 400 партнерства меѓу училиштата преку кои е воспоставена интеракција меѓу наставниците и учениците од училишта со различни наставни јазици. Над 5600 ученици учествуваа во етнички мешани креативни работилници, дебатни клубови и наставни и вон-наставни активности. Преку Канцеларијата за воена соработка (ODC), ЕУКОМ, до денес, реновирани се 63 училишта со што беше обезбедена модерна и безбедна средина за учење за над 46000 ученици.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Humanities > Philosophy, ethics and religion Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 19 Apr 2018 10:38 |
Last Modified: | 19 Apr 2018 10:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19858 |
Actions (login required)
View Item |