Секретаријатот за европски прашања (СЕП) ќе започне со натпреварувачки дебатен циклус ”ЕУ Ѕвезди”, во рамките на проектот "Младите за ЕУ".
Учесници на дебатите ќе бидат студенти од повеќе Универзитети во Република Македонија, кои ќе дебатираат на теми поврзани со политиките на ЕУ.
Дебатниот циклус ”ЕУ Ѕвезди” има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата.