Stojanov, Trajce and Gulevska, Valentina and Mehmedi, Lulzim and Popova-Koskarova, Rozalina and Atanasoska, Tatjana and Mojoski, Nebojsa and Tahir, Tulaha and Jankulovska, Snezana and Jashari, Bleri (2015) Преглед на теориите за мултикултурализмот, развој на интеркултурните компетенции и превенција на стереотипите и предрасудите. In: Теориски и практични погледи за примена на меѓуетничката интеграција во наставничките факултети. МЦГО-УСАИД, Скопје, pp. 28-55. ISBN 978-608-4529-32-3
Preview |
Text
СКРАТЕНО-ТЕОРИСКИ-И-ПРАКТИЧНИ-ПОГЛЕДИ.split-and-merged.pdf Download (650kB) | Preview |
Abstract
Република Македонија е држава на чијшто простор од дамнина постојат и коегзистираат многу култури. Нивниот белег е видлив и денес, во материјалното и нематеријалното културно наследство, во архитектурата, фолклорот,храната, дури и во секојдневните пракси и обичаи што ги негуваме и ги сметаме за неопходен дел од нашиот живот. Мултикултурализмот и мирната коегзистенција во Македонија, иако често подложни на сериозни предизвици, се втемелени во основата на нашата државност. Модерните предизвици со кои се соочува Република Македонија, каков што е процесот за меѓуетничка интеграција во образованието, соживотот и заедничкото градење на иднината, би морале да бидат соодветно претставени, разбрани и инкорпорирани во општеството, за идејата за мултикултурното општество да биде правилно
разбрана и прифатена.Потребата од примена на интердисциплинарно образование што соодветно ќе го третира прашањето за мултикулурализмот, интеркултурализмот, како и нивната суштина и реалност во општеството, придружено со предизвиците со кои се соочуваме, како и богатството што сите поединци и сите културни групи го носат во колажот на државата, ни дава право да сметаме дека потребата образованието да стане мултикултурно, а пред сѐ, интеркултурно, како во теоријата така и во практиката, е вистинскиот влог за иднината.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Philosophy, ethics and religion Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 19 Apr 2018 10:28 |
Last Modified: | 19 Apr 2018 10:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19847 |
Actions (login required)
View Item |