Stojanov, Trajce (2016) Егзистенцијалии: џебна философија во стихови. Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, Stip. ISBN 978-608-242-027-1
Preview |
Text
POEZIJA_EGZISTENCIJALII.pdf - Published Version Download (675kB) | Preview |
Abstract
„Eгзистенцијалии“ или философија во стихови е прва
стихозбирка на нашиот поет, филозоф и педагог со иднина - Трајче Стојанов.
Книгата содржи 43 песни поделени во три циклуси: 1.„Естетис“, 2.„Поезис“ и 3.„Ноезис“. Таа претставува персонална филозофија на животот или приказна за поетовиот однос кон жената/љубовта,кон поезијата/творењето, кон постоењето/непостоењето. Песните
во ,,Егзистенцијалии“ ја креираат и маркираат поетската вертикала на Трајче Стојанов со која тој го артикулира својот обид и стремеж за вградување во некој мост, на некој лак што ќе сведочи за неговото љубење и живеење, за неговото творење и постоење. Тоа, всушност, е оној универзален човеков стремеж за лична бесмртност. Според
шпанскиот филозоф Мигуел Де Унамуно тој стремеж е најсилниот сподвижник на активноста на секој обичен субјект. При тоа човекот е подготвен да жртвува се за да ја афирмира сопствената врвица/сопствената артикулација која стреми кон некаков идеал, кон искачување на некаков имагинарен врв како доказ за неговото и нашето живеење и /не/постоење.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 18 Apr 2018 09:06 |
Last Modified: | 18 Apr 2018 09:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19843 |
Actions (login required)
View Item |