Раст и развој на хотелските синџири и можни стратегии за влез на македонскиот пазар

Miteva, Natasha (2018) Раст и развој на хотелските синџири и можни стратегии за влез на македонскиот пазар. Other. Natasha Miteva, Stip.

[thumbnail of Стручна монографија-Наташа Митева.pdf]
Preview
Text
Стручна монографија-Наташа Митева.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Хотелската индустрија е една од најстарите индустрии во светот. Различниот економски развој на регионите во различни периоди доведува до разлики и во развојот на хотелската индустрија ширум светот, карактеризирајќи ја како разновидна, иновативна и значајна. Меѓу другото, хотелската индустрија секогаш е опишувана и како индустрија со релативно ниски бариери за влез на странските пазари, а со предностите на глобализацијата денес индустријата е во нејзината зрела фаза со изразена интензивна конкурентност, поради што најголемиот раст се случува на интернационално ниво. Преку стратегиите за експанзија, франшизинг, менаџерски договор, стратешки алијанси, аквизиции и заеднички вложувања, хотелските синџири се водечки лидери во хотелската индустрија на светскиот хотелски пазар. Целта на ова истражување е да се оцени настапот на хотелските синџири на македонскиот пазар, нивниот придонес за проширување на хоризонтите на хотелската индустрија во целост, како и нивното влијание врз туризмот на државата. Македонскиот хотелски пазар е уште еден од многуте на кои хотелските синџири се присутни и иако релативно млад се карактеризира со стабилен потенцијал за раст и развој и ниски бариери за настап.

Клучни зборови: хотелска индустрија, хотелски пазар, франшизинг, менаџерски договор, стратешки алијанси, аквизиции, заеднички вложувања, стратегии за експанзија.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Natasa Miteva
Date Deposited: 12 Apr 2018 14:02
Last Modified: 14 Nov 2024 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19829

Actions (login required)

View Item View Item