Miteva, Marija (2017) Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Природно-математички факултет.
Preview |
Text
Doktorska_Marija.pdf Download (518kB) | Preview |
Abstract
Во оваа докторска дисертација се истражувани производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо.
Проблемот за производ на дистрибуции, како еден од главните проблеми со кои класичната теорија на дистрибуции се соочува, со конструкцијата на алгебрите на Коломбо на некој начин се надминува. Коломбоовите алгебри се асоцијативни алгебри во кои е вграден просторот на дистрибуции и при тоа операцијата производ во овие алгебри го обопштува класичниот производ на дистрибуции, што значи веќе постоечките производи на дистрибуции и оние пресметани во алгебри на Коломбо се исти. Сепак, овие алгебри овозможуваат пресметување на производ на дистрибуции кој во класичната теорија не е дефиниран. Една од главните придобивки на коломбоовата теорија на обопштени функции е тоа што операциите со сингуларни дистрибуции може да се извршуваат исто толку едноставно како и операциите со глатки функции.
Во докторската дисертација се добиени резултати за производ на сингуларни дистрибуции, но и резултати за производ на непрекината функција со сингуларна дистрибуција.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Matematics |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Marija Miteva |
Date Deposited: | 21 Mar 2018 12:17 |
Last Modified: | 21 Mar 2018 12:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19749 |
Actions (login required)
View Item |