Dimitrovska, Katerina (2018) Извештај за готовински текови – значење, подготовка и анализа. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Магистерски труд-Катерина Димитровска.pdf Download (7MB) | Preview |
Abstract
Системот на финансиско сметководство е еден од најважните системи за обезбедување на финансиски информации за работењето на претпријатието, во чиј состав е и финансиското известување, чија што улога се состои во обезбедување на стабилна и сигурна комуникација на претпријатието со опкружувањето. Финансиските извештаи, како краен производ на сметководствената евиденција во едно претпријатие, претставуваат важен извор на информации и основа за донесување ефикасни деловни одлуки од страна на сите заинтересирани субјекти - стејкхолдери. Еден од овие финансиски извештаи, покрај традиционалните биланс на состојба и биланс на успех, е извештајот за готовински текови, кој претставува преглед на паричните приливи и одливи на претпријатието во текот на пресметковниот период, класифицирани на оперативни, инвестициски и финансиски активности. Се работи за финансиски извештај кој овозможува да се следат паричните средства кои влегуваат и излегуваат од претпријатието. Информациите од извештајот за готовински текови, поврзани на адекватен начин со информациите од другите финансиски извештаи, му помагаат на финансискиот менаџмент, но и на сите останати корисници да стекнат сознанија за ликвидноста и солвентноста на претпријатието и неговата способност да генерира позитивни парични текови.
Клучни зборови: парични текови, извештај, информации, анализа, одлучување
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 26 Feb 2018 14:19 |
Last Modified: | 26 Feb 2018 14:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19668 |
Actions (login required)
View Item |