Koceva, Daniela (2017) Современото семејство и неговата социјализирачка функција. Годишен зборник Факултет за образовни науки . ISSN 1409-9187
Preview |
Text
Godisen Zbornik FON 2017-1-17.pdf Download (561kB) | Preview |
Abstract
Столбот на секое општетство е семејството. Тоа е основна клетка за
функционирање и опстанок на целокупното општество. Оттука произлегува
интересот за неговиот развој, поддржување, унапредување од сите можни
аспекти: политички, економски, правен, социолошки итн.
Од социолошки аспект семејството ги извршува следниве социјални
функции: биолошка функција (репродукција на младите), биосоцијална
или социјализаторска / воспитна функција на семејството (растењето и
социјализацијата на децата), економска функција (економско одржување
на семејството), социјално-психолошки (задоволување на сексуални и
психолошки потреби).
Социјализаторската функција се смета за една од најважните функции
на семејството. Семејството во овој контекст се јавува како значаен социјален
систем, во кој се врши процес на воспитување на подмладокот во физички,
морален и интелектуален поглед. Формирањето на личноста, на нејзините
персонални карактеристики, во голема мера зависи од начинот на кој тие се
втиснати од страна на семејството. Семејството задоволува безброј човекови
потреби кои се неопходни за развој на една здрава личност, како што се
потребите за идентитет, потребата за сигурност, развој, образование. Во нашата
држава многу малку се води грижа за една од основните улоги на семејството,
а тоа е градењето на социјализаторската улога на семејството која се заснова
на принципите на промовирање на семејните вредности, нивно вградување во
начинот на однесување и размислување на личноста, принципот на изградба
на хумана личност, прифаќање на социјалната улога на личноста и целосно
етаблирање на социјалното однесување на личноста, уште во најраните фази
на нејзиниот развој.
Клучни зборови: семејство, социјализација, развој, вредности
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 21 Feb 2018 14:21 |
Last Modified: | 21 Feb 2018 14:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19657 |
Actions (login required)
View Item |