Spritova, Kika (2018) Металогенетски и економски карактеристики на полиметалното наоѓалиште Иберли во вардарската зона. Masters thesis, University of Goce Delcev.
Preview |
Text
Magisterski Trud - Metalogenetski i ekonomski karakteristiki na polimetalno naog. Iverli vo Vardarska zona.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Просторот што е тема на оваа магистерска работа е доста интересен и истражуван во последните неколку децении. Токму истражувањата на наоѓалиштето Иберли во последните неколку години и користењето на бројни податоци од постар датум, како и податоците добиени од испитувањата извршени од наша страна резултираат со изработка на оваа магистерска работа во која се презентирани компилациски податоци на постарите податоци и најновите сознанија за наоѓалиштето Иберли.
Истражувањата дадоа придонес во појаснувањето на специфичноста на појавата, типот и видот на Fe – Zn - Cu минерализација, преку осознавањето на структурно – морфолошките карактеристики, минералошко – петрографските карактеристики, минералниот состав и парагенетските односи на главните рудни минерали, геохемиските карактеристики и др.
Основен предизвик за научната јавност претставува дистрибуцијата на железото, цинкот и бакарот по поедини нивоа во рамките на вертикалниот профил на оруднување, потоа распоредот на железото, цинкот и бакарот по поедините минерали и минерали кои го придружуваат сукцесивниот ред на главните минерални врсти. Овде посебно треба да се истакне детерминацијата на минерали од редот на магнетит, хематит, мартит, сфалерит, халкопирит, малахит, халкозин, лимонит, рутил и др.
Во текот на истражувањето се применети современи методи на истражувања кои овозможија анализа и синтеза на поранешните регионално геолошки истражувања, со посебен осврт на тектонските истражувања, геотектонските концепти и распространувањето на формациите со кои е поврзано оруднувањето на железото, цинкот и бакарот, анализа и синтеза на податоци од хемиски анализи на железото, цинкот и бакарот и придружните елементи со посебно внимание врз постапката на земање на примероците и применетите аналитички методи, анализа и синтеза на резултатите од извршените теренски и лабораториски истражувања.
За различни типови на испитувања одбрани се примероци кои се репрезентативни за целото наоѓалиште. Примероците од различните делови од наоѓалиштето се собирани во повеќе наврати од свежи изданоци, отворени
профили во близина на патиштата, засеци, од потоците и халдите пред поткопите III/1 и II/1 како би се добила што поверодостојна слика за распространетоста на оруднувањето во наоѓалиштето Иберли. Бројот на теренските примероци е одреден зависно од геолошките карактеристики, неговата откриеност, забележаните минералошки и структурно – текстурни вариетети на изданоците, од свежината на карпите.
При теренските истражувања, посебно внимание е посветено на структурите како рудоконтролни фактори, како и на алтерациите по видови и нивната евентуална поврзаност со минерализацијата.
Со геохемиските и хемиски испитувања секако главни елементи се Fe, Zn и Cu следени од Ti, Bi, Ag, Mn, S. Констатирано е и присуство на поголем број микроелементи и тоа: Co, Ni, Ti, V, As, Ag, Au, Al, Bi, Mn, Be, Cd, Pb, W, Ba, и др. Некои од овие елементи се појавуваат во сопствени минерали (Cu, Fe, Zn, Ti), или како изоморфни, во рудните и петрогените минерали. Поголем дел од геохемиските проби во фазата на истражувањето дадоа аномални содржини на Fe, Zn, Cu.
Главни и основни носители на оруднување во наоѓалиштето Иберли се магнетитот, хематитот, сфалеритот и халкопиритот, најчесто следени од пирит, а зависно од нивото на оруднувањето придружните минерали се групираат од типични Fe-хидроксиди, преку маркантно пројавените секундарни сулфиди од редот на халкозин, малахит, азурит.
Добиените податоци од геолошко - економската оценка укажуваат дека наоѓалиштето Иберли може рентабилно да работи во зависност од процентот на разблажувањето, а под услов другите вредности (фактори) да се непроменливи во границите до 20 - 25% разблажување.
Клучни зборови: наоѓалиште Иберли, минерален состав, геохемиски - хемиски испитувања, рудни минерали, минерални парагенези, Fe – Zn - Cu оруднување, економска оценка.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 20 Feb 2018 12:56 |
Last Modified: | 20 Feb 2018 12:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19644 |
Actions (login required)
View Item |