Мониторинг на персонална експозиција на респирабилни цврсти честички на урбаната популација во Скопје и Тетово

Mirakovski, Dejan and Hadzi-Nikolova, Marija and Boev, Blazo and Ivanova, Tena and Boev, Ivan and Zendelska, Afrodita and Samardziski, Boban and Pavlov, Igor and Zajkova-Paneva, Vesna (2016) Мониторинг на персонална експозиција на респирабилни цврсти честички на урбаната популација во Скопје и Тетово. [Project]

[thumbnail of Мониторинг на персонална експозиција на респирабилни  цврсти честички на урбаната популација во Скопје и Тетово.pdf]
Preview
Text
Мониторинг на персонална експозиција на респирабилни цврсти честички на урбаната популација во Скопје и Тетово.pdf

Download (506kB) | Preview

Abstract

Традиционално, евалуацијата на квалитетот на воздухот во урбаните зони и дефинирањето на потенцијалните негативни ефекти врз здравјето на луѓето, се базирани на мерења и/или моделирања на амбиенталните нивоа и трендови на загадувачките компоненти на фиксни локации, а потоа нивна споредба со препорачаните вредности.
Но, тој пристап е дефинитивно поместен со новите сознанија во последните дваесетина години, за големата просторна и временска варијабилност на концентрациите на загадувачките материи и навиките на луѓето. Резултатите добиени од истражувањата пред се во САД и некои Европски земји, недвосмислено потврдија дека изложеноста на широката популација е доминирана од „внатрешните“ концентрации на загадувачки компоненти, имајќи го во предвид фактот дека луѓето од 80 до 95 % од нивното време го минуваат во затворени простории. Концетрациите на загадувачките компоненти во затворените простории („внатрешните“ коцентрации) можат драстично да се разликуваат од амбиенталните и во еден дел се резултат на пенетрација на зaгадувачите од амбиентот, а веројатно во поголем дел потекнуваат од внатрешни извори (Wallace et al. 1993, Thomas et al. 1993, Clayton et al. 1993, ¬Zkaynak et al. 1996, Jansen et al. 1997, 1998, Alm et al. 1994, Alm et al. 1998, Carrer et al. 1997). Микросредините во кои луѓето се најдолго во контакт со загадувачките компоненти се всушност голем број нехерметички затворени простории како домови, канцеларии, кујни, ресторани, приватни возила или јавен превоз. Одредени надворешни микросредини како уличните кањони, автопатиштата со густ сообраќај или бензинските станици се детектирани како значјани за одредени видови изложеност.
Следствено, измерените амбиентални концентрации на фиксни локации во урбаните средини во најголем број случаји не се репрезентативни за дефинирање на реалната изложеност, а таа може да биде одредена исклучиво со одредување на концентрациите во зоната на дишење во сите микросредини каде луѓето престојуваат.
Погоре елаборираните истражувања доведоа до воведување на поимот „персонална изложеност“ на дадена загадувачка компонента, кој може да се дефинира како концентрација на загадувачот која доаѓа во контакт со индивидуата (Georgopoulos and Lioy 1994), или како коегзистенција на индивидуата и загадувачката компонента во иста микросредина (Ott 1993), така што „персоналната изложеност“ може да се поврзе директно со загадувачката материја од интерес, индивудата и времетраењето на контактот.
Во рамките на овој проект, беше иницирана серија од мерења на персоналната изложеност на респирабилни цврсти честички, чија основна цел беше да се дефинира поврзаноста помеѓу нивоата на персоналната изложеност и амбиенталните концентрации на респирабилни цврсти честички во урбаните центри Тетово и Скопје, односно да се утврди дали и во која мера високите концентрации кои се детектираат на фиксните мониторинг станици условуваат висока пероснална изложеност. Дополнително, беа анализирани практичните аспекти за примена на вакви мерења во поголем опсег.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marija Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 20 Feb 2018 12:51
Last Modified: 20 Feb 2018 12:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19629

Actions (login required)

View Item View Item