Bogatinovski, Nikola (2018) Геолошко, морфолошко и економско моделирање на рудната жица бр.4, од рудниците за олово и цинк „Злетово“. Masters thesis, University of Goce Delcev.
Preview |
Text
МАГИСТАРСКИ ТРУД-ГЕОЛОШКО, МОРФОЛОШКО И ЕКОНОМСКО МОДЕЛИРАЊЕ НА РУДНАТА ЖИЦА БР. 4, ОД РУДНИЦИТЕ ЗА ОЛО.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Минералната суровина е добро, од општ вид, сопственост на Република
Македонија. Минералната суровина е необновливо богатство кое треба
рационално да се користи и со него треба правилно да се стопанисува.
Повторното рестартирање на рудниците за олово и цинк „Злетово“ од страна
на компанијата „БУЛМАК 2016“ ДООЕЛ - Пробиштип ја наметнува потребата за
согледување на геолошките рудни резерви со кои располага наоѓалиштето
„Злетово“, нивна категоризација, класификација и утврдување на можноста за
нивна експлоатација. Една од рудните жици на која е потребно да се насочи
вниманието е рудната жица бр. 4, која припаѓа на минерализирани структури од
I-ред. Моментално оваа рудна жица не се експлоатира, иако се уште располага
со значителни количини на рудни резерви со одличен квалитет. Со геолошко,
морфолошко и економско моделирање на рудните резерви од рудната жица бр.
4, ќе се добие претстава за економските ефекти кои би се добиле со
повторната експлоатација на оваа рудна жица. Врз основа на овие економски
ефекти би можело да се пристапи кон планирање, проектирање и изведба на
нови истражни работи, разработка и експлоатација на минералната суровина
што ја носи рудната жица бр. 4.
Клучни зборови: рудни резерви, категоризација, класификација,
експлоатација, економски ефекти.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 20 Feb 2018 12:53 |
Last Modified: | 20 Feb 2018 12:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19627 |
Actions (login required)
View Item |