Културни преобразби кај државите во услови на глобализација

Stojanovska-Stefanova, Aneta (2017) Културни преобразби кај државите во услови на глобализација. In: Втората меѓународна научна конференција ФИЛКО - филологија, култура и образование, 10-12 мај 2017, Воронешки државен универзитет, Русија и Универзитет “Гоце Делчев“-Штип, Македонија.

[thumbnail of documentфилко.pdf]
Preview
Text
documentфилко.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во овој труд ќе дадеме теоретски осврт на поимите меѓународно општество, меѓународна политика, на државата како субјект на меѓународното право, како и на влијанијата од глобализацијата во културните преобразби. Државата е врховна организација на човештвото денес. Чувствата кои членовите на оваа национална заедница ги негуваат кон неа се наречени национализам. Суверенитетот пак, овозможува национализмот да добие политички и правен израз во меѓународното општество. Ова значи дека државите, главни актери во меѓусебните односи, себе си се сфаќаат како суверени, а тоа значи дека тие не се подложни на ниеден повисок политички авторитет. Отука институциите на меѓународното општество, вклучувајќи го тука и правото, се осмислени да можат да одговорат на барањето за суверенитет. Квалитетот на практицирањето на политичката култура, е тесно поврзан со демократскиот развој на една држава. Развојот на цивилното општество, побарува развој на демократска политичка култура, создавање на критичка јавност, демократска социјализација на граѓаните, афирмација на цивилните вредности, кои во својот фокус го имаат граѓанинот. Културните разлики во државите во услови на забрзана глобализација се релевантни и за развојот на демократијата. Аналогно со брзите текови на глобализацијата кога се создаде еден пакет на процеси, вредности, идеји, уверувања, се појавија и амбициите на државите да ги воведат во своите национални општества овие глобализациски атрибути кои се составен дел на политичката култура и на политичката социјализација. Денешниот феномен на глобализацијата не ги опфаќа само елитите, тој го опфаќа целокупното општество во сите земји и култури.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Aneta Stojanovska
Date Deposited: 20 Feb 2018 12:20
Last Modified: 20 Feb 2018 12:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19608

Actions (login required)

View Item View Item