Даночните стимулации како инструмент на фискалната политика

Gruevski, Ilija (2014) Даночните стимулации како инструмент на фискалната политика. ISBN 978-608-244-020-0.

[thumbnail of Danocnite stimulacii kako instrument na fiskalnata politika (so sodrzina).pdf]
Preview
Text
Danocnite stimulacii kako instrument na fiskalnata politika (so sodrzina).pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Современите трендови на даночните реформи полека, но сигурно упатуваат на промена во перцепцијата за улогата и значењето на даночната и фискалната политика. Имено, финансиските кризи, колапсите на финансиските пазари, големите рецесии, масовната невработеност и можноста од потенцијални социјални немири се сигурен знак дека е потребна промена во целите и приоритетите на економската политика што ја водат државите. Во тој контекст, и фискалната политика како составен дел на економската политика претрпува промени во рамки на своите задачи и цели. Така, како една од фундаменталните цели на даночната политика, сè повеќе се наметнува промоцијата и забрзувањето на економскиот развој како најдобар пат за стабилизација и надминување на современите економски кризи. Во таа насока, се јавува прашањето за зголемување на обемот на инвестициите во националните економии, преку зголемување на нивото на штедењето и унапредувањето на економската ефикасност. Овозможувањето на поголема мобилност и проток на странски капитал, а со тоа и привлекување на странски инвестиции, поволно би влијаеле врз развојот на домашните економии. Зголемувањето на вработеноста, понудата на работната сила и нејзината конкурентност, како и нивото на штедењето кај населението преку нови реформи на пензиските системи, само ги надополнуваат новите цели на даночните политики.
Аналогно на тековните промени во пристапот на јавните финансии, се поставува прашањето за средствата, методите и инструментите кои ги користи фискалната политика при реализацијата на поставените цели и задачи. Традиционално, фискалната политика преку употребата на даночните инструменти зафаќа дел од расположливиот национален доход, а потоа истиот го „канализира“ во одредени целни насоки преку системот на јавната потрошувачка. Меѓутоа, на тој начин, со обемното зафаќање и прераспределбата на доходот, се појавуваат ризици од нарушување на степенот на фискалната одржливост на рамнотежата на националните буџетски сметки. Во последно време, како релативно ново средство, метод или инструмент на даночната политика, кое добива сè поголема популарност помеѓу државите во светот, се јавуваат и даночните
стимулации, кои претставуваат една од најинтригантните теми од областа на јавните финансии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 20 Feb 2018 11:19
Last Modified: 20 Feb 2018 11:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19603

Actions (login required)

View Item View Item