Примена на разузнавачката дејност при спроведување на мисиите на воените аташеа

Dojcinovski, Metodija (2014) Примена на разузнавачката дејност при спроведување на мисиите на воените аташеа. The Science and the Social Development. ISSN ISBN 978-608-4574-62-0

[thumbnail of The Science and the Social Development 2014.pdf]
Preview
Text
The Science and the Social Development 2014.pdf

Download (818kB) | Preview

Abstract

Трудот ја детерминира улогата, местото, функциите, како и специфичностите на мисијата на воените аташа во рамки на одбранбената дипломатија. Дипломатијата на почетокот на нејзиното појавување претставувала дејност на армиите во периодот на создавање на државите, но денес нејзиното разбирање е комплексно, бидејќи голем број на различни професии, експерти, нивоа во политиката, учествуваат во нејзиното остварување. Историскиот преглед на дипломатијата укажува на различните гледишта во различни периоди, заради што, меѓународната заедница сеште нема заеднички став кон прашањето на одбранбената дипломатија и воените претставници (аташеа). Мисиите на воените аташеа се специфични по многу елементи, меѓу кои во денешно време особено актуелни се методологијата на работа, бројот на учесници, статусот и акредитирањето на лицата кои се упатуваат на вршење на овие задачи. Не помалку значајни за воените аташеа се и „црвените линии“ на нивните професионални активности, кои нејчесто се нејасни, недефинирани и „индивидуални“ во однос на вршењето на вака значајна дипломатска дејност. Разузнавачката дејност на воените аташеа, некогаш претставувала основа за упатување на мисија, денес таа официјално е минимизирана и вешто трансформирана во задачи на координирање, соработка, размена на информации, протоколарни активности, унапредување на односите, едуцирање на персонал и слично. Специфичностите во работата на воените аташеа, претставуваат предизвици за остварувањето на целите на мисијата. Особеностите при спроведувањето на мерките и активностите од делот на разузнавачката дејност укажуваат на извонредноста при оспособувањето и подготовките за упатување на задача. Големиот број алатки во работата (анализи, извештаи, проценки) создадени на база на користење на разузнавачки дисциплини, разузнавачки компоненти и специфични методи на работа, го обликуваат профилот на воен аташе. Со ова трудот укажува на значењето и потребата од професионализација на претставниците на армиите, кои својата мисија ја остваруваат користејќи разузнавачки активности.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Metodija Dojcinovski
Date Deposited: 15 Feb 2018 14:14
Last Modified: 15 Feb 2018 14:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19520

Actions (login required)

View Item View Item