Dojcinovski, Metodija and Danevski, Ivica (2014) Регионализам и социјален идентитет во контекст на националната безбедност. Влијанието на научно-технолочкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија.
Preview |
Text
Regionalizam i socijalen identitet vo kontekst na Nacionalnata bezbednost.pdf 2014.pdf Download (171kB) | Preview |
Abstract
Предизвиците на современиот свет се воедно ѝ предизвици за безбедносниот систем, за
негово понатамошно усовршување, надградување и целосно прилагодување и оспособување за
адекватен и целисходен одговор на истите. Процесот на глобализација, протежирајќи го
регионализмот како идна опција за земјите од западен Балкан, неминовно им наметнува нов
предизвик со кој сигурно ќе се соочат, а некои веќе ѝ се соочуваат. Моќта на сфаќањето на поимот
регионализам од страна на државите и социјалните групи, а во интерес на зачувување или
остварување на своите цели ќе предодреди низа последователни појави кои ќе го определат
процесот на опстанок на државата и социјалните групи во истата.
Позитивистичкото сфаќање на регионализмот како атрибут на глобализацискиот процес,
само предупредува на идни предизвици на кои националните држави треба да изнајдат соодветен
модел за безбедносна стабилност и соработка, а при тоа не напуштајќи ја сопствената определба за
евро-атлантска интеграција. При опстојувањето на интеграциската определба неминовно се
наметнува потреба од препознавање на можните предизвици и понудени „решенија“ за државна
организација, заради остварување на придобивки од глобализацијата, или соочување со нејзините
последици. Изборот секако дека ќе доведе до трансформација на безбедносниот систем, кој пак ќе
го определи и дефинира степенот на стабилност и одреди меѓународната соработка на државата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Metodija Dojcinovski |
Date Deposited: | 15 Feb 2018 14:14 |
Last Modified: | 15 Feb 2018 14:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19519 |
Actions (login required)
View Item |