Морфологија на сепството и другостa во песната „Болен Дојчин“ од Блаже Конески

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2017) Морфологија на сепството и другостa во песната „Болен Дојчин“ од Блаже Конески. Мултикултурализам и многоезичие, Сборник с доклади од Тринадесетите международни славистички четенија, Софија, 21-23 април,2016. ISSN 9786190006510

[thumbnail of Karanikolova Cocorovska trud Zbornik Multikulturalizam.pdf]
Preview
Text
Karanikolova Cocorovska trud Zbornik Multikulturalizam.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Оваа статија се занимава со испитување на морфологијата на категориите Истост (the Same)и Другост (the Otherness) во песната „Болен Дојчин“ од Блаже Конески, во духот на популарната од почетокот на овој милениум академска дисциплина Ксенологија.
Иако во песната на Конески нема дијалог, првото и второто лице (Првоста и Другоста) ги наоѓаме во заменките и заменските форми и во формите на глаголот.
Поаѓаме од Истоста, во која е олицетворен Болен Дојчин, но латентно и гласот на поетот. Него го сопоставуваме на неговата сестра Ангелина, која тој ја нарекува и мајка. Оттука и легитимната семантичка можност во мајката да се препознае татковината.
Според тоа, Другоста во оваа песна има две лица- сестра и мајка, така што идентификацијата на јас ќе се реализира колку лично (помалку и семејно) толку и татковински (национално).
Сакаме да ја покажеме не само самоидентификацијата (лична и национална) на поетскиот лик на Болен Дојчин, ами уште еднаш, којзнае по кој пат да упатиме на високата естетичност на поезијата на Блаже Конески, од една, овој пат културолошко-литерарна гледна точка.

Клучни зборови: Истост (the Same), Сепство (Self), Другост (the Otherness), јас, ти, Болен Дојчин, Ангелина, Црна Арапина, сестра, мајка, идентитет.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 14 Feb 2018 12:17
Last Modified: 14 Feb 2018 12:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19502

Actions (login required)

View Item View Item