Koceva, Daniela and Mirascieva, Snezana and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2017) Образованието на Ромите и неговите слабости. Зборник на трудови Современото воспитание и образование -состојби, предизвици и перспективи-. pp. 164-169. ISSN 978-608-244-472-7
Preview |
Text
Sobranie Daniela.pdf Download (987kB) | Preview |
Abstract
Република Македонија нуди еднакви можности за образование за сите нејзини граѓани,
согласно меѓународното право и меѓународните конвенции. Таа е потписник на сите
позначајни меѓународни конвенции и декларации кои се однесуваат на правата на човекот,
правата на децата и правата на образование. Од друга страна, образовниот систем во
Македонија постојано е во момент на транзиција. Во најголем број области во системот се
воведени промени, но сè уште се чувствува потребата од значајни реформи. Она што во
моментот можеби најмногу се насетува е недостатокот на поттици за подобрување на
квалитетот на предавањето на сите нивоа на образование. По многу години работа на
владиниот и невладиниот сектор во сферата на образованието на Ромите, имаме состојба во
која секое поместување, било во однос на предучилишно, основно или средно образование се
прави по иницијатива и со поддршка „однадвор“, од меѓународни донатори и НВО, а со
незначителна поддршка од домашните институции. Постои отсуство на проактивност кај
државните институции, кои најчесто чекаат на иницијативата и финансиската поддршка
однадвор. Суштински проблемот е многу подлабок, станува збор за потреба од реформи во
нашата држава и нејзините системи. Сѐ уште најважни слабости во сферата на образованието
на Ромите се издвојуваат: сè уште премногу ниската стапка на вклученост во образовните
процеси и осипувањето, нискиот квалитет на образованието, како и негативните ефекти на
сегрегацијата во образованието.
Клучни зборови: образование, Роми, слабости, реформи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 13 Feb 2018 11:11 |
Last Modified: | 13 Feb 2018 11:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19459 |
Available Versions of this Item
- Образованието на Ромите и неговите слабости. (deposited 13 Feb 2018 11:11) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |