Koceva, Daniela (2017) Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-305-8
Preview |
Text
1 СТРАНИ.pdf Download (433kB) | Preview |
Abstract
Трудот Религиското образование во мултиетничките општества со осврт на македонското општество, е плод на долгогодишна научноистражувачка работа со теориско-емпириски карактер. Да се пишува за религиското образование во мултиетничките општества, вклучувајќи го и нашето македонско општество, за мене претставуваше научен предизвик, пред се од аспект на сензитивноста на проблемот кој реално постоеше во моментот кога ја изработував докторската дисертација. Предизвикот беше уште поголем ако се земе во предвид македонскиот општествен контекст, мултиетнички, мултикултурен и мултиконфесионален поделен по сите линии, како и многубројните дилеми и дискусии за потребата од воведување на религиското образование во образовниот систем на Република Македонија, неговото влијание и последици.
Во услови на морално распаѓање на општеството, кога формирањето на семејството и воспитувањето на децата престанува да биде приоритет за младите луѓе, кога наркоманијата е се повеќе присутна меѓу младите, во услови на зголемената фреквенција на тензии и конфликти, поврзани со религијата во светот, кои директно или индиректно се одразуваат врз културните, политичките и социо–економските сфери, просто и не гледавме по провокативна тема за истражување од актуелното случување, „не бегајќи од предочувањето на грубата стварност“.
Во трудот е направен обид да се одговори на неколку клучни прашања кои се однесуваат на придобивките и функцијата на религијата и религиското образование денес, и различните модели на религиско образование кои се практикуваат во светот.
Основната цел, всушност беше да ги систематизираме сознанијата за религијата, нејзината функција и улога во современото општество, како и моделите на религиско образование кои се реализираат во мултиетничките земји во светот, за на крај да го утврдиме соодветниот модел на религиско образование кој може да се имплементира во образовниот систем во Република Македонија. Се надеваме дека овој труд ќе биде повод и причина и за други истражувања кои во одреден домен допираат до проблемот на религијата, религиското образование, миграции, мулти и интеркултурализам. Трудот е наменет за секој кој ги следи современите општествени случувања.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 12 Feb 2018 13:16 |
Last Modified: | 12 Feb 2018 13:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19448 |
Actions (login required)
View Item |