Miteva, Emilija and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2010) Маркетинг истражување преку Интернет. Working Paper. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Text
Маркетинг истражување преку интернет-лекториран.pdf Download (548kB) |
Abstract
Со појавата на Интернетот како комуникациски медиум се промени медиумската слика на светот. За само десетина години, Интернетот го помина патот од академска компјутерска мрежа за размена на информации до глобален комуникациски медиум кој денес го користат преку 600 милиони луѓе ширум светот. Во 1993 година огласите на Интернет не ни постоеле, а веќе во 2002 година се потрошени околу 6,5 милијарди УСД за оваа цел. Веќе неколку години просечните вложувања на огласувачите се околу 3% од нивниот годишен буџет . Сите овие бројки покажуваат дека овој медиум (освен како неизбежна комуникациска и информатичка алатка) за многу кратко време се наметнува како нов огласен медиум потполно рамноправен со традиционалните медиуми, како радиото, билбордите или печатените медиуми.
Интернетот полека но сигурно освојува дел од маркетинг колачот. Сè повеќе огласувачи го воочуваат фактот дека нивната целна публика е сè повеќе онлајн и дека таму можат многу лесно да ја дофатат. Станува збор за медиум кој интензивно мора да се експлоатира, бидејќи во спротивно конкуренцијата ќе преовладува.
Item Type: | Monograph (Working Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 24 Nov 2012 16:35 |
Last Modified: | 24 Nov 2012 16:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1942 |
Actions (login required)
View Item |