Belovski, Vojo (2017) Права и обврски на работникот и работодавачот. Општествените промени во глобалниот свет, 4. ISSN 978-608-244-353-9
Preview |
Text
Права и обврски на работникот и работодавачот.pdf Download (445kB) | Preview |
Abstract
Правата и обврските на работникот и работодавачот кои произлегуваат од работниот однос, се уредени со Уставот на Република Македонија, Законот за работните односи како lex generalis и повеќе закони како lex specijalis, колективните договори и актите на работодавачот.
Предмет на овој труд е селектирање и елаборирање на повеќето од правата и обврски на страните во работниот однос, а со оглед на нивната разноликост и бројност, не е можно детално да се задржуваме на секое од нив.
Надлежни органи и организации за остварување и заштита на правата на работниците:
Надлежен орган кај работодавачот;
Синдикатот;
Инспекторот за труд;
Народен правобранител;
Надлежен суд;
Надлежен орган за мирно решавање на споровите.
Со договор за вработување и колективен договор можат да се утврдат и поповолни (поголеми) права од правата утврдени со Закон за работните односи.
Прва и основна обврска на работникот е да склучи договор за вработување. Со потпишувањето на договорот за вработување всушност се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот.
Договорот за вработување, како посебен договор на трудовото право и правен основ за засновање на работниот однос, е единствен правен основ за засновање на работниот однос. Работникот не може да стапи на работа пред да склучи договор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжителното социјално осигурување.
Правата на работникот. всушност претставуваат обврски кои треба да ги исполни работодавачот од работниот однос. Правата на работодавачот се обврските кои треба да ги извршува работникот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Vojo Belovski |
Date Deposited: | 08 Feb 2018 10:10 |
Last Modified: | 08 Feb 2018 10:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19373 |
Actions (login required)
View Item |