Metodijeski, Dejan and Golakov, Kostadin (2017) Македонија како потенцијална дестинација за руските туристи. Зборник на трудови од Втора меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование ФИЛКО, 10-12 мај 2017, Воронеж, Русија. pp. 383-391. ISSN ISBN 978-608-244-469-7
Preview |
Text
46.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Меѓународниот туризам и патувањата во светски рамки бележат константен пораст последниве неколку децении. Современите тенденции во туризмот укажуваат на потребата од посета на нови дестинации и промена на традиционалните места за одмор. За успешни истражувања во меѓународниот туризам, потребно е собирање на конкретни информации за пазарот кој се истражува. Целта на овој труд е да бидат презентирани потенцијалите на Република Македонија како дестинација за руските туристи. Во трудот е консултирана постојната литература поврзана со профилирањето на руските туристи и условите кои одат во прилог на развој на туризмот меѓу Русија и Македонија. Користени се секундарни извори на податоци од релевантни извори за да се направи профил на руските туристи. На крајот од трудот, дадени се препораки за насоките во рамките
на кои треба да се движи земјата со цел да ги привлече руските туристи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Kostadin Golakov |
Date Deposited: | 05 Feb 2018 12:52 |
Last Modified: | 05 Feb 2018 12:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19311 |
Actions (login required)
View Item |