Англицизмите во германскиот јазик врз примери од списанијата „JOY” и „WOMAN“

Tasevska, Marica and Hadzi-Nikolova, Adrijana (2017) Англицизмите во германскиот јазик врз примери од списанијата „JOY” и „WOMAN“. Зборник на трудови од Втора меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование ФИЛКО, 10-12 мај 2017, Воронеж, Русија. pp. 579-590. ISSN ISBN 978-608-244-469-7

[thumbnail of document.pdf]
Preview
Text
document.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Германскиот јазик, како и сите други јазици низ својот историски развој па сè до денес, под влијание на најразлични култури и технолошки достигнувања претрпува лексички промени. Било во весник или пак на телевизија честопати слушаме и препознаваме голема употреба на странски зборови, пред сè англицизми. Во модерното време, време на брз информатички и комуникациски развој употребата на англицизмите претставуваат централна тема во германскиотјазик. За повеќето луѓе нивната секојдневна употреба е сосема прифатена, додека пак другите остануваат скептични по ова прашање. Сепак тешко е да се занемарат овие зборови, затоа што се јавуваат во сите сфери на општественото живеење како на пример во економијата, политиката, науката, техниката, културата, уметноста и спортот. За поголем дел од англицизмите сè уште не е пронајден соодветен германски еквивалент, па од тука е неизбежна нивната оригинална употреба: Joint Venture, Knоw-how, Marketing итн. Од големо значење за истражување на англицизмите претставува јазикот кој го користат младите. Оваа група најчесто ги користи англицизмите како во пишаниот така и во усниот говор. Нивното користење и замена со германските зборови не сесведува само на трите позначајни зборовни групи како што се именките, придавките и глаголите, туку нивната употреба се проширува и кај честичките и извиците. Омилени се и поздравните форми како и слоганите на англискијазик. Во овој труд ќе се задржиме на морфолошка анализа на англицизмите, застапени во германските списанија за жени „Joy“ и „Women“.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marica Tasevska
Date Deposited: 06 Feb 2018 13:23
Last Modified: 06 Feb 2018 13:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19308

Actions (login required)

View Item View Item